ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МНР: Одлуката за резолуцијата за Украина не треба да биде толкувана како промена на позициите

February 24, 2025 19:59
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Одлуките на Република Северна Македонија во поглед на поддршката и гласањето за резолуциите на Генералното собрание на Обединетите нации се донесени врз основа на темелно истражување и анализа на актуелните глобални надворешно-политички движења, утврдените позиции на влијателните меѓународни чинители, нашата заложба за зацврстување на мирот, безбедноста и просперитетот во светот, како и стратешкиот интерес на државата за создавање стабилна позиција и градење поцврсти односи со нашите стратешки партнери, информираа попладнево од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во однос на Резолуцијата за Украина.

Оттаму посочуваат дека особено се земени предвид и актуелните силни заложби на претседателот на САД и американската администрација за побрзо завршување на воените активности меѓу Украина и Руската Федерација преку водење ефективни и непосредни преговори, чија основна цел е што поскоро постигнување на траен мир и безбедност во Украина и поширокиот регион.

– Донесените  одлуки во врска со нашето спонзорирање и гласање за резолуциите на Генералното собрание на ОН немаат и не треба да бидат толкувани како повлекување или промена на претходно изразените позиции. Напротив, со нив Република Северна Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација, истовремено изразувајќи силна солидарност и одговорност кон украинскиот народ и неговите напори за целосна заштита на територијалниот интегритет, суверенитетот, независноста, слободата и демократијата, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Во оваа насока, од Министерството потсетуваат дека како и во изминатите три години, така и денес и во иднина, Република Северна Македонија останува силно приврзана кон севкупните напори на меѓународната заедница, особено на САД и Европската Унија, за што побрзо постигнување на прекин на воените дејствија и обезбедување на траен и одржлив мир, како во Украина, така и пошироко во регионот и светот.

ООН ја отфрли американската резолуција за Украина, а ја усвои европската

На третата годишнина од руската инвазија на Украина, САД не успеаја да добијат одобрување од Генералното собрание на ОН за својата резолуција со која се повикува на крај на војната без споменување на руската агресија. Македонија, заедно со Унгарија, Грузија и Израел, e коспонзор на oвaa резолуција на САД.  Наместо тоа, Собранието попладнево, ја усвои украинската резолуција поддржана од Европа, каде се бара Русија веднаш да се повлече од Украина. За европската резолуција, САД гласаа „против“.

Next Post

Каранфилова Пановска: Мицкоски да одговори кој е бенефитот од посетите во САД кој терен го запоседнал?

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk