ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стојановски: Законот за заштита на потрошувачите ќе донесе транспарентност и фер конкуренција

February 24, 2025 14:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за заштита на потрошувачите влегува во натамошна собраниска процедура, најави денеска Бојан Стојановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Според најавеното, овој закон ќе донесе транспарентност, фер конкуренција и заштита на потрошувачите.

– Во насока на заштита на стандардот на граѓаните ние укажавме дека нашите мерки ќе одат во два правци. Едниот е јавно објавување на цените на маркетите на нивните веб страници и вториот е мерката за која што Владата ги извести граѓаните. За таа цел сакам да ве известам дека на денешната седница во понатамошна парламентарна постапка ќе помине Законот за потрошувачи поднесен од парламентарното мнозинство со кој што се уредува обврска за трговецот да ги означува и да ги објавува стоките со продажната и единечната цена за стоките на недвосмислен, видлив и читлив начин, а со цел подобра информираност на потрошувачот и за олеснување на споредливоста на цените, изјави Стојановски на денешната прес-конференција во Собранието.

Согласно законот, големите, средните и малите трговци кои вршат дејност на трговија на мало, со шифра 47 согласно со Националната класификација на дејности, се должни на својата веб страница да ја објават одделно за секој свој продажен објект тековната продажна односно единечна цена во моментот на објавување на секоја стока што ја нудат за продажба.

– Усогласување на цените ќе се врши на дневна основа, а при објавувањето на цените ќе се применуваат одредбите од овој Закон за означување на цените. Исто така, со овој Закон се дава овластување за министерот за економија и труд да го пропише со подзаконски акт начинот на објавувањето на цените на стоките и податоците кои што треба да се објават согласно со ставот 1 од овој член. На ваков начин ќе се обезбеди основа за подобра информираност на потрошувачите за цените на стоките кои сакаат да ги купат и ќе се олесни споредливоста на цените, рече Стојановски.

Дополнително, се дава и овластување на инспекторите да постапуваат на терен и да казнуваат доколку овој основ не биде застапен во маркетите.

– Одредбите од членот 15 од овој Закон нема да се однесуваат за микро–трговец и трговец-поединец, па во оваа насока се врши допрецизирање на прекршочните одредби. Со објавувањето на цените на интернет ќе се обезбеди постигнување на следниве цели: транспарентност – потрошувачите ќе имаат лесен пристап до информации за цените, фер конкуренција – трговците ќе бидат подеднакво обврзани да ги почитуваат овие одредби и заштита на потрошувачите – тие ќе бидат заштитени од нефер практики како што се скриени трошоци или нејасни цени, појасни Стојановски.

Овој закон, како што дополни, досега е успешно имплементиран во Израел, Италија, Франција и Хрватска и секаде има намалување на цените.

– На ваквиот начин се дозволува потоа по основ на овој закон и на објавените цени, да се креираат апликации и алатки на интернет каде што граѓаните ќе може директно да ги споредуваат цените и да одлучуваат во кој маркет ќе може да добијат најмногу за нивните пари, потенцираше тој.

Next Post

(ВИДЕО) Битиќи: Власта застана против граѓаните, ги одби Законите за намалување на ДДВ на струја и храна

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk