ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хуманистот Денис Јанкуловски – Космонаутко во учебник за студенти како пример за човек кој постигнува општествени промени

February 28, 2025 14:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Хуманистот Денис Јанкуловски – Космонаутко, се најде на страниците на учебникот „Граѓанска и политичка партиципација“, како пример за човек кој со својот активизам поттикнува и прави општествени промени.

„Епа драги мои, дојде и тој ден. Каква чест, денес Космонаутко влезе и во учебник. Тешко наоѓам збор за да опишам како се чувствувам, ова е награда, ма повеќе од награда. Ејјјј, студенти ќе читаат и ќе ме спомнуваат како пример од Македонија. Па па па, радости невидени. Им благодарам на тимот Професори на чело со Јасмина Трајкоска Наумоска за оваа чест што сум дел дел од нешто што е првенче, што е трајно, едноставно Благодарам. Правете добри дела, волонтирајте, прифатете, почитувајте, вклучувајте. Наградите сами си доаѓаат“, напиша во објава на Фејсбук популарниот Космонаутко.

Во глава 4 од овој учебник, насловена „Граѓанско општество и актери на граѓанското општество, Јанкуловски е посочен како пример за човек кој преку своите заложби постигнува општествени промени кои се во согласност со јавниот интерес.

Автори на овој учебник се проф. д-р Јасмина Трајкоска Наумоска, д-р Јосипа Ризанкоска и д-р Гордан Георгиев. Станува збор за универзитетски учебник во издание на Фондацијата Фридрих Еберт, наменет, пред сè, за студентите на правните и политичките науки. Но, со темите кои ги обработува, може да послужи и на пошироката читателска публика – особено за невладините организации, политичките партии, но и сите граѓани кои сакаат да бидат вклучени во политичкиот живот и да се информираат за својата улога во него.

Студентите од сите факултетети и универзитети можат бесплатно да го преземат учебникот на следниот линк.

Ј. Ѓорѓиоски

Tags: Денис Јанкуловски Космонаутко
Next Post
Скриншот

Британската министерка Додс поднесе оставка поради одлуката на премиерот да го намали буџетот за странска помош

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk