ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Гаши со европратениците од Мешовитиот комитет

February 28, 2025 13:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, имаше средба со европратениците кои учествуваат на 23 состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија – Европска Унија, соопшти собраниската прес-служба.

Делегацијата, предводена од хрватскиот европратеник Карло Реслер, копретседавач на заедничкиот комитет е составена од 13 пратеници од речиси сите политички партии застапени во Европскиот парламент, вклучувајќи го и Томас Вајц, известител за Република Северна Македонија во Европскиот парламент. На состанокот присуствуваше и Михалис Рокас, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во земјата.

Соговорниците го поздравија одржувањето на првиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет по одржаните избори и за Собранието и за Европскиот парламент и изразија надеж дека заедничката соработка ќе продолжи со истата динамика и интензитет и во престојниот период.

Гаши нагласи дека ЕУ интеграциите остануваат врвен стратешки приоритет и на Владата и на Собранието и изрази надеж дека силната поддршка која доаѓа од големото мнозинство во Европскиот парламент за нашите аспирации за полноправно членство во Европската Унија ќе продолжи и во иднина.

Европратениците истакнаа дека во моментот во однос на проширувањето на Европската Унија постои прозорец на можности кој треба да се искористи а информираа и дека Европскиот парламент како приоритет ја поставува зајакнатата соработка со парламентите на земјите од Западен Балкан.

На крајот соговорниците изразија уверување дека дводневната работа на Мешовитиот парламенатрен комитет ќе резултира со усвојување на заеднички препораки кои на балансиран и објективен начин ќе ги претстави сите аспекти на односите меѓу државата и Европската Унија, стои во соопштението од прес-службата на Собранието.

Tags: ГашиевропратенициМешовитиот комитет
Next Post

Сериозни инциденти во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk