ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната

March 4, 2025 13:15
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска објави План за повторно вооружување на Европа, кој предвидува создавање на Фонд кој би можел да мобилизира близу 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната во ЕУ, вклучително и за воена помош за Украина.

– Европа е подготвена да ја преземе својата одговорност. Планот „Ревооружување на Европа“ може да мобилизира близу 800 милијарди евра за безбедна и прилагодлива Европа. Ќе продолжиме тесно да работиме со нашите партнери во НАТО. Ова е момент за Европа. И ние сме подготвени да се засилиме, порача Фон дер Лајен во изјава по повод писмото упатено до земјите членки на ЕУ во кое го претставува Планот.

Таа посочи дека Планот содржи сет на предлози за тоа како ЕУ да ги искористи сите финансиски лостови што и се на располагање, со цел да им помогне на земјите членки брзо и значително да ги зголемат трошоците за одбранбените капацитети сега, но и на подолго рок во текот на оваа деценија.

– Живееме во најзначајните и најопасни времиња. Не треба да ја опишувам тешката природа на заканите со кои се соочуваме или погубните последици со ќе треба да се соочиме доколку тие закани се остварат. Затоа што веќе не е прашањето дали безбедноста на Европа е загрозена на многу реален начин или дали Европа треба да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност? За волја на вистината, одамна ги знаеме одговорите на тие прашања, наведе Фон дер Лајен.

Според неа, вистинското прашање со кое сега се соочува Европа е дали таа е подготвена да дејствува решително, онолку како што налага ситуацијата и дали е спремна и способна да дејствува со брзината и амбицијата што е потребна.

– На различните состаноци во последните неколку недели, последниот пред два дена во Лондон, одговорот од европските метрополи беше толку гласен, колку што е и јасен. Ние сме во ера на повторно вооружување и Европа е подготвена масовно да ги зголеми трошоците за одбрана. И да одговориме на краткорочната итност да се дејствува и да се поддржи Украина, но и да се одговори на долгорочната потреба да преземеме многу поголема одговорност за нашата сопствена европска безбедност, додаде претседателката на ЕК.

Планот се состои од пет дела, од кои првиот предвидува зголемено јавно финансирање на одбраната на национално ниво.

– Земјите членки се подготвени да инвестираат повеќе во сопствената безбедност, доколку имаат фискален простор и ние мора да им овозможиме да го сторат тоа, рече Фон дер Лајен.

За таа цел, со Планот се предвидува можност за отстапување од правилата утврдени со Пактот за стабилност и раст на ЕУ, со што на земјите членки би им се овозможило значително зголемување на трошоците за одбрана, без активирање на постапката за мерки поради прекумерен дефицит.

– На пример, ако земјите членки ги зголемат своите трошоци за одбрана за 1,5 отсто од БДП во просек, тоа би можело да создаде фискален простор од близу 650 милијарди евра во период од четири години, се оценува во Планот.

Вториот предлог предвидува создавање нов Инструмент, преку кој ќе се обезбедат 150 милијарди евра заеми на земјите членки наменети за заеднички инвестиции во одбраната, како за противвоздушна и ракетна одбрана, артилериски системи, проектили, муниција, беспилотни летала и антидрон системи, но и за мерки за кибер одбрана или поголема воена мобилност.

– Тоа ќе им помогне на земјите членки да се здружат во побарувањата и да купуваат заедно. Се разбира, со оваа опрема, земјите членки можат значително да ја засилат својата поддршка за Украина. Тоа ќе значи воена опрема за Украина веднаш, потенцира претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен додаде дека со овој пристап за заеднички набавки ќе се намалат трошоците и фрагментацијата, ќе се зголеми интероперабилноста и ќе се зајакне европската одбранбена индустриска база, што може да биде во корист и за Украина.

– Значи, ова е моментот на Европа и ние мора да живееме со него, истакна Фон дер Лајен.

Третиот предлог предвидува користење на средства од буџетот на ЕУ на краток рок наменети за инвестиции поврзани со одбраната.

– Затоа можам да најавам дека ќе предложиме дополнителни можности и стимулации за земјите членки кои ќе одлучат, доколку сакаат да користат програми за кохезивната политика за да ги зголемат трошоците за одбрана, најави претседателката на Еврокомисијата во писмото.

Последните два предлога од планот имаат за цел мобилизирање на приватниот капитал за вложување во одбранбените потреби преку т.н. Унија за штедење и инвестиции, како и вклучување на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во обезбедувањето средства за зајакнување на одбраната.

Објавувањето на Планот „Ревоорување на Европа“, Фон дер Лајен го најави вчера, потенцирајќи дека на ЕУ и е потребен масовен поттик на одбраната.

– Несомнено сите сакаме траен мир, но таков мир може да се постигне само преку зајакнување. Треба да почнеме прво со зајакнување на самите себе. Тоа е и целта на планот што ќе им го претставам утре на земјите членки, додаде вчера Фон дер Лајен.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk