ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Силјановска Давкова: Во Собранието треба да се мерат зборовите, не е лошо човек да се извини

March 4, 2025 13:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во однос на дебатата помеѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во тек на пратеничките прашања вели дека во Собранието треба да се мерат зборовите и оти, како што посочува, не е лошо човек да се извини.

– Многу пати сум рекла во Собранието да ги мериме зборовите, особено мажите треба да ги мерат зборовите, бидејќи сум не само субјeкт, туку објект на навреда. Ние, особено жените, треба да внимаваат кога е во прашање друга жена. И не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква, каква што требало да биде, намерата не била лоша намера, тоа мислам дека ќе доведе до надминување на ваквите проблеми, рече претседателката на новинарско прашање, при учеството на националната конференција „Заедно сме посилни“.

Министерката  Димитриеска Кочоска одговараше на пратеничко прашање од Петровска минатата недела во Собреанието во врска со цените и животниот стандард на граѓаните..

-Не сакам оваа дебата со вас да ја претворам во споделување рецепти, ама следен пат кога ќе одите во маркет, а рековте дека одите често, земете и споредете време на готвење на тој грашок од конзерва кој за вас е нелогичен, и оној другиот. За вас може не е важно, ама за едно просечно македонско семејство многу е важно колку време ќе биде вклучен шпоретот. Наместо да ни држите лекции за домаќинско пазарење не е лошо да го чуеме вашиот став за намалување на патните трошоци на пратениците и зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа, и посочи Петровска на Димитриеска Кочоска.

-За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно четиричлено семејство. За грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме, па во најевтините маркети купувам замрзнат грашок, рече министерката од собраниската говорница.

Петровска возврати дека нема да реагира на навредите и порача на колешката од спротивниот политички табор дека „ако имаше дно, вие го пробивте“.

По дебатата реагираше опозициската СДСМ од каде побараа отавка од министерката за финансии, законски измени или кодекс што ќе го санкционира дискриминаторскиот однос во институциите, како и итна седница на комисијата за дискриминација.

Министерката  Димитриеска Кочоска, пак, изјави дека темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска за неа е завршена и оти се фокусира на својата работа.

На прес-конференција во Владата, министерката посочи дека веќе изразила жалење за целиот контекст. Според неа, народот има поважни теми. Таа потенцираше дека немала никогаш намера да навреди никого, напротив, како што рече „таа самата го знае тоа, но, вака ѝ чини сега да изигрува жртва“.

-За мене темата е затворена, се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност да ја работам и со задоволство најавувам рекордно нивно на инвестиции во Македонија. Затоа им сметам, затоа што темелно, чекор по чекор си ја работам работата. Резултатите се јасни и видливи, тие се во исто време и мерливи. Не исклучувам да продолжат со напади кон мене, но, тоа е и дел од работата која ја имам чест да ја водам, да му служам на мојот народ и државата, рече Димитриска Кочоска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Силјановска ДавковаСобрание

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk