ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

МТФ „Војдан Чернодрински“ отвора повик за учество на пичинг-форумот „Драмолетање“

March 5, 2025 14:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Драмолетање“ е простор за афирмација на македонската драматика создаден за да промовира нови драмски автори и дела, да ги поврзе авторите со режисери, продуценти и театри и да поттикне нови сценски продукции. Со други зборови − да создаде една активна заедница на театарски професионалци – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп ја најавува новата платформа за поддршка и промоција на македонската современа драма. Во рамките на 59. издание што ќе се реализира од 6 до 13 јуни, ќе се одржи пичинг-форумот „Драмолетање – подем на македонската современа драма“. Пичингот е наменет за сите драмски автори што сакаат да ги претстават своите дела пред театарски професионалци. Оваа иницијатива има цел да ги поврзе авторите со режисери, продуценти и национални театри, отворајќи простор за нови сценски продукции.

На повикот може да се пријават драмски автори, граѓани на Република Северна Македонија, со оригинално драмско дело што досега не било изведено на сцена. Секој автор може да се пријави со максимум едно драмско дело.

Апликациите треба да се испратат електронски на [email protected] со назнака „Пријава за Пичинг-форум – (име и презиме на авторот и наслов на драмата)“, најдоцна до 15 април 2025. Резултатите од повикот ќе бидат објавени на www.mtf.com.mk на 10 мај. Апликациите ќе бидат оценети од страна на стручна комисија која ќе одбере 6-8 драмски текста врз основа на нивната оригиналност, релевантност и продукциски потенцијал.

-Во време кога македонскиот драмски автор е речиси истиснат од домашната театарска сцена, промоцијата на македонската современа драма се јавува како неминовен и итен чекор што треба да се преземе за да се надмине оваа состојба. МТФ „Војдан Чернодрински“ ја препознава ваквата потреба и во рамките на својата програма, оваа година ја воведува иницијативата „Драмолетање“ со цел да им овозможи на новите и афирмирани драмски автори да ги претстават своите дела пред режисери, продуценти и директори на театри и на тој начин да се поттикне нивната продукција и изведба. „Драмолетање“ е простор за афирмација на македонската драматика создаден за да промовира нови македонски драмски автори и дела, да ги поврзе авторите со режисери, продуценти и театри и да поттикне нови сценски продукции. Со други зборови − да создаде една активна заедница на театарски професионалци – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Форумот ќе се одвива низ неколку фази. Најпрво, преку отворен повик за пријавување ќе се одберат шест до осум драмски текста чија селекција стручната комисија ќе ја прави врз основа на нивната оригиналност, релевантност и продукциска вредност. Понатаму, предвиден е период на подготовка, односно избраните автори ќе имаат можност да учествуваат во работилници со ментори, каде што ќе учат како да ја подготват својата презентација и да го подобрат својот текст. Авторите ќе го претстават своето дело пред стручна публика, а по презентацијата ќе следува Q&A сесија. Сите претставени драми ќе бидат објавени во дигитален каталог, а најперспективните автори може да бидат повикани на идни работилници или драмски читања.

-Со „Драмолетање“, МТФ „Војдан Чернодрински“ не само што отвора простор за новите драмски гласови туку и создава динамична платформа што може да ја обликува иднината на македонскиот театар. Оваа иницијатива е повеќе од обичен повик за текстови – таа е поттик за создавање и можност за вмрежување. Ако драмскиот текст е основата врз која се градат моќни претстави, тогаш „Драмолетање“ е лет што треба да го врати македонскиот драмски автор на заслуженото место – на македонската театарска сцена – вели Стојаноска.

За условите за пријавување, прочитајте повеќе на следниот линк: https://mtf.com.mk/otvoren-povik-za-uchestvo-na-piching-forumot-dramoletanje/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДрамолетањеМРФ

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk