ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николоски: Обезбедивме грант од 2,4 милиони евра за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце

March 5, 2025 15:01
in Uncategorized, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој Фатих Туркменоглу, денеска го потпишаа Договорот за инвестициски грант од 2, 4 милиони евра за проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин Табановце, исвестуваат од Министерството за Транспорт.

Од министерството велат дека Договорт за грант е дел од инвестициониот пакет од 7,6 милиони евра за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија на Табановце. Претходно Европската банка за обнова и развој за овој проект одобри заем од 5 милиони евра како и грант средства од 250 илјади евра.

Проектот предвидува изградба на нова заедничка зграда за потребите на Граничната полиција, Царина и инспекциски служби на Македонија и Србија, како и реновирање на постојните објекти во Табановце.  Исто така предвидена е изградба и на нова патна и комунална инфраструктура.

„Се работи за заеднички железнички премин помеѓу Македонија и Србија. На овој начин ќе ја подобриме комуникацијата помеѓу двете држави, затоа што ќе имаме “ONE STOP SHOP”, покрај на патничкиот кога се патува со автомобили, автобуси и камиони, истото ќе биде и во железничкиот дел, кога се патува со воз.  Се надевам дека ова ќе биде вовед кон повторно воспоставување на редовна патничка железничка линија помеѓу Скопје и Белград, за што се потребни секако напори од двете страни. Се работи за проект кој што е во вредност од вкупно 7,4 милиони евра во градежниот дел и 250.000 евра во делот на консултантски услуги и надзор. Сметаме дека еден од главните економски крвотоци на државата е токму Коридорот 10, кој што почнува на јужните пристаништа, на пристаништето Пиреа кај Атина и на солунското пристаниште и продолжува до Централна Европа, до државите како Унгарија, Австрија, Чешка и Словачка и практично да се забрза движењето на добра и стоки во двата правци и за увоз во Европа, но исто така и за извоз од Европа. Ние се обидуваме во тој дел навистина да придонесеме, така што е големо задоволство, ова ќе значи нови работни места, зголемена економска активност и ова секако ќе значи побрз транзит на патници и стока низ нашата држава, што секако ќе ја направи уште поатрактивна” – истакна вицепремиерот Николоски.

Според планираната динамика, се очекува да оваа година да се избере изведувачот и да започне изградбата на заедничката железничка станица со придружните објекти и истата да се заврши во рок од две години, соопштуваат од Министерството за Транспорт.

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

AI Generated Image

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Генерирано со ВИ

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Трамп и Мерц Фото:EWTN скриншот

(ВИДЕО) Мерц–Трамп: Средба што може да го промени текот на трансатлантската политика

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk