ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 7 март, распитот на обвинетите е закажан за 12 март

March 5, 2025 15:49
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 7 март откако во Основниот Кривичен суд Скопје денеска беа изведени докази на предлог на одбраната на обвинетиот Љупчо Палевски. На следното рочиште е предвидено произнесување однос на материјалните докази, а веќе од расправата закажана за 12 март ќе започне распитот на обвинетите.

Во Кривичен денеска беше сослушан сведокот Стојан Кујунџиевски кој сведочеше дека заедно со колегите од СВР Велес вршеле потрага по исчезнатиот Жежовски, како и за претресот во домот на Боре Видевски каде што биле пронајдени ловечка пушка, патрони и куршуми девет милиметри за пиштол.

Воедно, на денешното судење одбраната на Палевски презентираа материјални докази, вклучувајќи уплатница од банка од 27 ноември 2023 година со која тврдат дека во критичниот период Палевски не бил на местото на убиството на Вања Ѓорчевска.

Адвокатите бараат снимки од надзорните камери на Халк Банка за да утврдат кога Палевски влегол во банката. Тие тврдат дека Палевски двапати се враќал во банката поради уплатницата, а снимките ќе покажат дали чекал ред со сведокот. Обвинителката приговори, велејќи дека времето на уплатницата не е релевантно, бидејќи снимки од Сејф сити покажуваат дека возилото на Палевски се вратил во седиштето на партијата во 10 часот. Судот го прифати предлогот за снимките, но го одби барањето за базните станици на телефонот на Палевски и за одземеното оружје од Видевски.

Во продолжението на судењето Палевски достави листа на докази помеѓу кои побара да бида прикажано видео од Сејф сити каде што, според посоченото, се гледа дека возилото Рено кангу во 00:15 часот помеѓу 21 и 22 ноември е во центарот на Скопје а не кај Велибор пред врата, како што дополни.

– Тоа е евидентирано од серверот на паметен град каде пишува број на таблица, број и местоположба на камера и датум кога, во колку часот е евидентирана табличка на возилото, рече Палевски.

Дополнително, тој побара појаснување на која околност се вештачел телефонот на Жежовски, како и возилото Рено Кангу.

Судот потоа одлучи да ја одложи расправата за 7 март, кога ќе се произнесат по однос на материјалните докази, а потоа, на следните расправи закажани за 12, 17, 19, 24 и 26 март, како што информираше судијата Ивица Стефановски, ќе се прави распит на обвинетите со редослед Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: судење
Next Post

Директорот на ЦИА потврди дека Трамп ја прекинал разузнавачката помош за Украина

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk