ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга

March 6, 2025 15:55
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Лицето Албана Жута не ги исполнило условите за поставување вршител на должноста директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, односно не била назначена од редовите на вработените, немала положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање англиски јазик, покажал извештајот на Државниот просветен инспекторат направен во август 2024 година. Тоа го кажа Виолетка Џудеска, просветен инспектор од Струга која го вршела надзорот во училиштето, во својство на сведок на денешното судско рочиште против градоначалникот Рамиз Мерко за незаконско поставување директор на основното училиште „Браќа Миладиновци“.

По распишаниот јавен оглас од страна на Општината за директор на училиштето, Жута била единствен предлог од училишниот одбор и градоначалникот донел решение за нејзино именување. Согласно законот доколку на оглас не се јави лице што ги исполнува условите за директор, може да биде избрано лицето, но во рок од една година од денот на именувањето да положи испит за директор и за сертификат.

Жута, која ја искористи законската можност за преведувач од албански јазик на судењето, во своето сведочење посочи дека била вработена во средното „Ибрахим Темо“ како професор по албански јазик, од каде е избрана за в.д. директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ без оглас, во консултација со градоначалникот Мерко и тогашниот министер за образование Јетон Шаќири.

Градоначалникот Мерко се изјасни дека не се чуствува виновен за овој случај.

Претходно во Струшкиот суд беше одложено рочиштето против Мерко за незаконско поставување директори на училиштата во Радолишта, Лабуништа и Подгорци, поради непојавување на сведоците, без, според судечкиот судија Јордан Јованов, оправдани причини. Според него, на следното рочиште тие ќе бидат обезбедени со полициска асистенција.

– Сметам дека не е дозволиво и дека е непочитување спрема судот да се пишуваат некои работи кои не може да се сметаат за оправдана причина. Тоа што е напишано создава сомеж дека некој избегнува да се појави на суд и од тие причини доколку не сакаат по редовен пат ќе мора за жал да користиме присилни механизми. Тоа е многу жално што мора да активираме ваков механизам, но на некој начин сведоците мора да се дисциплинираат и да го почитуваат судот, изјави Јованов.

За одлагањето на судското рочиште по предметот за Егзона Шеј, за незаконски поставена за директор на основното училиште „Зини Хани“ во Велешта, која се товари и за фалсификување дипломи, судијата кажа дека било поради здравствени причини на бранителот, кој доставил соодветна медицинска документација за неговата состојба.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради вмешаност во корупција. Против него има поднесено повеќе (девет) обвиненија за несовесно работење во службата. 

Next Post

Државниот обвинител Коцевски го примил предлогот за негово разрешување

НАЈНОВО

Скриншот

На годишнината од Кадифената револуција: Демонстрантите ја обвинија Владата на Фицо за поткопување на демократијата

November 18, 2025

Студентите во блокада под кибер-напад: Профилите во Нови Сад вратени, во Ниш се соочуваат со ботови

November 18, 2025
Скриншот

Хамас ја отфрли резолуцијата на ОН за мировниот план за Газа

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk