ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Лукаревска: Власта да обезбеди пари за минималната плата од 500 евра за работниците, недозволиви се нападите на ВМРО-ДПМНЕ врз Синдикатот

March 6, 2025 13:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

На денешната прес-конференција, пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, ја повика Владата да обезбеди средства за зголемување на минималната плата на 500 евра, обвинувајќи ја за економска нестабилност и влошување на животниот стандард на граѓаните.

Лукаревска истакна дека економијата тоне, инфлацијата изнесува 5%, цените на храната се зголемени за 20%, а индустриското производство е во пад од 1,4%, додека извозот се намалил за 5,9%.

„Ова не се само бројки, ова се човечки животи. Народот осиромашува, а владата не презема ништо. 83.000 работници не ја добиле јануарската плата, што е алармантен податок за состојбата во стопанството“, изјави таа.

Според Лукаревска, владата покажува неспособност и незаинтересираност за економската криза, која, според неа, самата ја предизвикала. Таа потенцираше дека СДСМ има подготвени мерки за зголемување на платите и намалување на трошоците за живот, но дека ВМРО-ДПМНЕ ги одбива предлозите.

СДСМ најавува законско решение

Лукаревска порача дека ако владата не обезбеди средства за поголеми плати, СДСМ ќе поднесе Закон за зголемување на минималната плата.

„Работниците заслужуваат достоинствен живот, а не беда и понижување. Парите од буџетот мора да бидат наменети за граѓаните, а не за привилегирани поединци“, нагласи таа.

СДСМ останува на ставот дека минималната плата од 500 евра е неопходна за граѓаните да се справат со зголемените трошоци за живот.

Недозволиви се нападите на ВМРО-ДПМНЕ врз Синдикатот

Лукаревска рече дека Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) мора да остане независен коректив на политиките и на власта и на опозицијата, без да биде вмешан во политички игри.

„Синдикатот треба јасно и гласно да ги кажува своите барања. Кога владата ја менаџираше кризата, ССМ беше редовно вклучен на состаноците на Економско-социјалниот совет. Имаше континуирана комуникација и средби. Недозволиво е политичките партии да го ставаат ССМ во контекст на блискост со било која партија. Синдикатот има обврска да ги штити работничките права и тоа треба да биде неговата единствена цел, како што е случај во Европа и светот“, истакна Лукаревска.

 

Tags: Лукаревскаминимална плата
Next Post

Кузеска: Тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ - Само една фрима добила 50 тина јавни набавки тешки 10 милиони евра

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk