ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муцунски: Невистинити се обвинувањата на Кузеска, да се извини или ќе биде поведена постапка

March 7, 2025 18:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски тврди дека постапката за јавна набавка за кровната конструкција на зградата на Министерството е спроведена целосно законски, транспарентно и во согласност со сите важечки правни процедури. Бара извинување од СДСМ и портпаролката Богданка Кузеска во рок од 24 часа, во спротивно најавува постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот.

-На денешната прес-конференција на СДСМ беа изнесени целосно невистинити информации поврзани со мене како министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и со институцијата со која раководам. Станува збор за лажни тврдења, кои не соодветствуваат со фактичката состојба. Проектот за кровната конструкција е тековно одржување на објектот на Министерството, со единствена цел превенција од натамошни оштетувања и поплавување – проблем што настана како резултат на несоодветното одржување на зградата во изминатите години, кога институцијата беше под раководство на ДУИ и СДСМ. Постапката за јавна набавка е спроведена целосно законски, транспарентно и во согласност со сите важечки правни процедури, пишува Муцунски на својот профил на Фејсбук.

Дополнително, додава тој, манипулативен и тенденциозен обид за политичка дискредитација претставува негово лично поврзување со одлуките на други правни субјекти, вклучително и органи на локалната самоуправа, што, како што вели, е неоснована и злонамерна конструкција.

-Во таа насока, ја повикувам Богданка Кузеска и СДСМ во рок од 24 часа јавно да се извинат за ширењето лажни информации и грубо манипулирање со јавноста. Доколку тоа не се случи, ќе бидам принуден да преземам соодветни правни чекори, вклучително и граѓанска постапка за навреда,  клевета и нарушување на угледот, нагласува Муцински.

Како Министер, додава тој, останува цврсто посветен на принципите на транспарентност, отчетност и законитост. Работењето на институциите, потенцира, мора да биде засновано на факти и докази, а граѓаните имаат право на вистински и проверени информации.

На денешната прес-конференција на СДСМ, портпаролката Богданка Кузеска обелодени нови детали за, како што рече, серијата скандали поврзани со корупција и сомнителни тендери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во фокусот на обвинувањата е министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, за кого од СДСМ тврдат дека стои зад мрежа на тендери преку кои се „испумпуваат“ пари од државниот буџет, вклучително и од унгарскиот кредит.

Поврзано: 

(ВИДЕО) СДСМ: Нов скандал – Муцунски со омилена фирма во тендерската мрежа на ВМРО-ДПМНЕ

Tags: КузескаМуцунски
Next Post

Бугарија е земја со највисока стапка на фертилитет во ЕУ за 2023

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk