„Пуштен сум, ме замолија да појдам до полициската станица, но јас реков дека не сакам доброволно да одам таму, потоа побараа засилување да дојдат и повторно да ме одвлечат со сила, па ми рекоа да одам со нив да земам лична карта, но јас реков дека не сакам. Уморен сум да се возам со нив, но се чини дека и тие се изморија од мене, изјави Шаровиќ пред Ургентниот центар, пренесува Н1.
Шаровиќ вели дека „полицијата ми го ускрати правото на слободно движење“.
„Јас не отидов да се тепам, отидов цела Србија да ја види нашата иднина, оваа пристојна Србија и да се слушнат нивните барања. Очекував дека ќе бидат воодушевени, но тие беа сè понервозни. Полицајците добија наредба да ме одведат, исто како што се консултираа и сега кога реков дека не сакам да одам. Очигледно, тој што ја дал наредбата сфатил дека не е во нивен најдобар интерес повторно насилно да ме извлекуваат“, додаде Шаровиќ.
Шаровиќ пред Ургентиот центар го пречекаа група граѓани кои скандираа „Немања!“, како и некои пратеници од опозицијата.
На крајот од своето обраќање, Шаровиќ рече дека му било кажано дека е на слобода, но додаде: „Ќе видиме до кога ќе трае тоа“.
Тој заедно со пријателите и колегите се упати кон Плоштадот на Републиката на протест.
„Не одиме повторно кај „ćaka“, сега одиме кај вистинските ученици „đaka“, велат Шаровиќ и неговите пријатели.
Tiranija Aleksandra Vučića je potpuno ogoljena. Upravo su uhapsili novinara KTV Zrenjanin Nemanju Šarovića @NemanjaSarovic pic.twitter.com/6R9cAO6rvI
— José Luis Torrente (@chemu_optimizam) March 8, 2025
Водител на КТВ Немања Шаровиќ, претходно беше приведен додека известуваше за КТВ Зрењанин од студентскиот камп во Пионерскиот парк во Белград.
Ј. Ѓ.
Поврзано:
(ВИДЕО) Српската полиција го приведе Немања Шаровиќ додека известуваше за КТВ од студентскиот камп