Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк не може да се помири со елиминацијата на неговиот тим во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Ливерпул синоќа на пенали загуби од ПСЖ со 4:1, откако резултатот по основните 90 и дополнителните 30 минути беше 1:0 за парижаните.
– Беше многу интензивно, највеличествениот фудбал што можете да го играте. Судбината беше во рацете на Ливерпул, со оглед на тоа што го победивме во Париз (1:0). За жал, бевме елиминирани на пенали. Во првото полувреме создадовме убави шанси, но противникот се одбрани. Тие имаат доволно квалитет па го однесоа мечот на пенали. Кога двата тима се уморни, се отвораат можности. Одигравме особено добро во регуларното време. Можеме да зборуваме за играта, но ние сме надвор од турнирот – тоа е реалноста, изјави Ван Дајк по средбата во Ливерпул.
Во четвртфиналето, ПСЖ ќе игра со победникот од мечот Астон вила – Бриж (3:1 по првиот натпревар).
Баерн, ПСЖ, Интер и Барселона четвртфиналисти во Лигата на шампиони
ПСЖ допатува на гостувањето во Ливерпул со негатива од еден гол, но преку Дембеле во 12 минута го израмни вкупниот резултат (1-1), а откако до крајот на регуларните 90 минути и двете продолженија на „Енфилд Роуд“ мрежите мируваа, францускиот првак го елиминираше премиерлигашот на пенали со 4-2. Во пенал серијата, голманот на ПСЖ, Донарума, ги одбрани удари на Нуњез и Џонс и го однесе ПСЖ меѓу осумте најдобри екипи сезонава во Лигата на шампиони.
Во германската пресметка, Баерн со вкупен резултат од 5-0 го елиминираше Баер Леверкузен, триумфирајќи на гостински терен со 2-0 со головите на Кејн (52 минута) и Дејвис (71).
Интер, исто така, со две победи над Феенорд обезбеди пласман во четвртфиналето, совладувајќи го холандскиот тим во Милано со 2-1, откако и на првиот натпревар во Ротердам триумфираше со 2-0. Турам (11) и Чалханоглу (51) ги постигнаа головите за италијанскиот тим, додека Модер беше стрелец на голот за Феенорд во 42 минута.
Претходно пласман во осминафиналето обезбеди Барселона која со 3-1 ја совлада Бенфика на домашен терен и со вкупен резултат 4-1 го елиминираше португалскиот тим.