На Фејсбук се шири лажна вест злоупотребувајќи го името на премиерот Христијан Мицкоски и името на министерот за економија Бесар Дурмиши за да ги измами корисници на социјалните мрежи со цел да ми земат пари од нивните сметки. За таа намена се злоупотребува логото на веб-страницата на телевизијата Канал 5 и имиња на новинари за да се помисли дека се работи за вистинска вест за да ги намамат следбениците да кликнат.
Во наводно интервју со премиерот Христијан Мицкоски, направено од новинарката на „Ал Џезеира“, Милка Смилевска, во кое премиерот наводно зборува за наводен процес за поврат на данок кој официјално ќе му овозможи на секој граѓанин да добие и до 200 илјади денари месечно. Во лажното интервју, Мицкоски објаснува дека треба само да инвестирате 15.000 денари, за да ги добиете тое 200.000 денари, односно на тој начин да ви ги украдат парите.
За лажното интервју со министерот за економија, Бесар Дурмиши, е злоупотребено името на новинарот на „Радио Слободна Европа“, Александар Самарџиски. Текстот е буквално ист како со „интервјуто“ со Мицкоски.
Измамниците оставија и коментари од измислени „задоволни клиенти“, како што се Соња Абази, Љубов Јази, Ленче Абдии, Вера Шаќири и други смешни имиња.
Всушност се работи за измама. Лажната вест ве води до веб-страницата erctaxcreditcompliace.net каде што измамниците ги бараат вашите лични податоци за да ги злоупотребуваат.
Се злоупотребува и името и фотографиите на јавни личности и познати новинари, како што се Сашо Ордановски, Атанас Кировски, Бранко Геровски, актерот Сашко Коцев итн.
Граѓаните треба да бидат повнимателни и да не наседнуваат на измами преку вакви лажни вести и да не ги даваат нивните лични податоци.
ЦМТ / Цивил Медиа