ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Пуштен во сообраќај тунелот „Муриз“ како дел од „Руга е Арбрит“; Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово; Влада, или нови избори?

March 14, 2025 13:09
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија, денеска свечено се пушта во сообраќај тунелот „Муриз“, проект кој во земјата се оценува како најважното дело на „Руга е Арбрит“, а значајно ќе ги приближи граѓаните од цела Албанија, вклучително и Дебар во Северна Македонија, јавуваат тамошните медиуми.

Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово, а последните апсења само ја истакнуваат континуираната опасност, велат експертите. Според нив, оваа активност не само што ја дестабилизира земјата внатрешно, туку и штети на нејзината меѓународна позиција. Институциите, пак, главно молчат за големината на проблемот, анализираат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Економиа онлајн: Денеска се пушта во сообраќај тунелот „Муриз“

Денеска ќе биде пуштен во сообраќај тунелот Муриз, најважното дело на „Руга е Арбрит“.

Тунелот Муриз е во должина од 3,78 километри и се состои од два колосеци, сообраќаен и итен. „Руга е Арбрит“ има вкупно 7 тунели со вкупна должина од 8,5 километри.

Не само што ќе ги приближи граѓаните на Тирана и на цела Албанија до Дебар и Северна Македонија, туку ќе биде артерија на економски развој и туризам, пренесе Економиа онлајн.

РТШ: Православната црква на Албанија избира нов архиепископ по смртта на Јанулатос

Новиот архиепископ Тирана, Драч и цела Албанија ќе биде избран на 16 март.

Архиепископот на оваа функција ќе го наследи архиепископ Анастас, кој почина на 25 јануари.

„Светиот синод на Автокефалната православна црква на Албанија информира дека изборот на новиот архиепископ Тирана, Драч и цела Албанија, кој ќе го наследи починатиот архиепископ Анастас, ќе се одржи во Втората недела од Великиот пост, на 16 март 2025 година, во Синодскиот центар, по Божествената Литургија. Процесот на избор ќе ги следи одредбите на Статутот на Автокефалната православна црква на Албанија“, се наведува во соопштението на Автокефалната православна црква, пренесе РТШ.

На 95-годишна возраст почина архиепископот Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос, познат по својот придонес во заживувањето на Автокефалната православна црква на Албанија пред повеќе од 30 години.

КОСОВО

РСЕ: Скриена закана од шпионажа: Обиди да се направи Косово „нефункционално“

Шпионажата е сериозна закана за безбедноста на Косово, а последните апсења само ја истакнуваат континуираната опасност, велат експертите. Според нив, оваа активност не само што ја дестабилизира земјата внатрешно, туку и штети на нејзината меѓународна позиција. Институциите, пак, главно молчат за големината на проблемот.

Поранешниот главен инспектор на Косовската разузнавачка агенција (КИА), Бурим Рамадани, шпионажата ја смета за една од главните закани за националната безбедност во земјата.

Неодамнешните апсења, но и други кривични постапки против некои осомничени покажуваат, според него, колку Косово е ранливо на такви странски разузнавачки активности.

„Штетите што треба да се предизвикаат се оние што го прават Косово да изгледа лошо надвор и го става под тензија внатре“, вели Рамадани за Радио Слободна Европа.

На 28 февруари годинава, Јелена Ѓукановиќ од српската заедница на северот на Косово беше уапсена под сомнение за шпионажа.

Епока е ре: Косово, кон нови избори или влада?

Формирањето на нови институции продолжува да зависи од подготвеноста на политичките партии да соработуваат меѓу себе, а не се исклучуваат и предвремени избори. Но, познавачите на изборниот процес постигнувањето решение за формирање институции го гледаат како поблиска можност дури и од избори.

Забарикадирањето на политичките партии во нивните позиции во однос на соработката за формирање нови институции ги зголеми прашалниците дали ќе имаме решение за создадената ситуација или земјата ќе оди на предвремени избори, се наведува во статија на косовскиот портал Епока е ре.

КОЛУМНА

Коха: „ Време за промена на курсот“

„Еден ден премиерот се најде на нива. Иако идејата на премиерот беше да се пренесе напредокот на земјоделската политика на Косово, медиумското тело беше заинтересирано за дијалогот. И така, одговарајќи на интересот на новинарите за дијалогот, тој реши целиот настан да го претвори во шега.

Овој настан тој го резимираше на следниов начин: „Додека разговаравме со земјоделците, новинарот кој не следеше низ нивите упорно ме прашуваше за Лајчак. Го прашав трактористот за Лајчак, но тој одмавна со главата и му даде гас на тракторот“.

Иако беше наменета за шега, оваа „карикатура“ на премиерот убаво ја долови суштината на проблемот со интегративните процеси на земјата. Како премиерска шега, шега стана и нашиот интегративен процес. Тој стана циничен.

Всушност, можеме да кажеме дека воопшто не постои. Од 2016 година, Косово не помести ниту еден чекор во процесот на интеграција. Во 2016 година стапи на сила Спогодбата за стабилизација-асоцијација и оттогаш не направивме формален чекор кон членство во ЕУ.

Причина? – Дијалогот. Долго време дијалогот го монополизира интегративниот пат на земјата. Премиерот велеше дека дијалогот е приоритет број седум, но на крајот го потроши најголемиот дел од своето внимание со него во последните четири години, бидејќи тоа беше речиси единствената причина за неговите посети на европскиот град Брисел.

Од Брисел до полињата на Гњилане, дијалогот стана единствена и главна тема на нашиот процес на интеграција. Трактористот можеби избега од дијалогот давајќи му плин, но премиерот немаше каде да бега. Дијалогот и понатаму е негова главна главоболка.“, пишува Авторот Демуш Шаша во колумната „Време е за промена на курсот“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: X

Нов израелски напад врз Техеран

June 18, 2025

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

June 18, 2025

Собранието изгласа Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk