ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на Деловникот на Собранието и правата на пратениците

March 14, 2025 19:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Парламентарното мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН целосно го ставаат под контрола законодавниот дом и вршат атак врз демократијата во Собранието на Република Северна Македонија, нагласи пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција во Собранието.

Спасовски посочи дека на денешната Комисија за социјална политика, демографија и млади, на пратениците од опозицијата им било оневозможено да  предложат измени и дополнувања на дневниот ред. Од страна на новиот  претседавач на Комисијата, Имрлије Фетаи Салиу, поставена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, било образложено дека дневниот ред бил веќе утврден од претседателот Гаши. Спасовски нагласи дека според членот 131 од Деловникот, Дневниот ред на седницата на работното тело се утврдува на почетокот на седницата, а според ставот 2 во дневниот ред може да се внесат и прашања што ги предложиле пратениците, преседателот на Собрание и Владата.Тој потенцираше, дека на овој начин претседавачот на Комисијата, Фетаи Салиу, не го почитува и грубо го прекршува Деловникот на Собранието.

„Ова покажува дека парламентарното мнозинство предводено од ВЛЕН и ВМРО ДПМНЕ сакаат целосно да го стават под контрола законоданиот дом, при тоа правата на пратениците да ги загрозат да не се остави можноста на опозицијата воопшто да даде било каков предлог и секое едно одржување на седницата да биде само по прашања коишто сака да ги постави парламентарното мнозинство. Ова е невиден атак на демократијата, невиден атак на рушење на демократичноста и демократијата во зкаонодавниот дом, таму кадешто демократијата треба да биде најразвиена затоа што Собранието по правило е храм на демократијата“, рече Спасовски.

На прес конференцијата, Спасовски порача дека пратеничката група на СДСМ, ќе преземе конкретни чекори и ќе поднесе кривична пријава против претседавачот на Комисијата Имрлије Фетаи Салиу заради грубо кршење на деловникот и грубо кршење на правата на пратениците. Исто така, пратеничката група на СДСМ ќе поднесе и иницијатива до Уставниот суд со којашто ќе бара да се утврди прекршувањето на правата на пратениците на кои што им беше оневозможено согласно Деловникот да постават или да предложат измена и дополнување на Дневниот ред. Инаку, ова е уште еден обид на власта да не го прифати барањето на СДСМ за расправа за Законот за бранители.

 

Next Post

Српската полиција им забрани влез на новинари од Хрватска пред утрешниот студентски протест

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поведена постапка против осум лица за масовната тепачката на „Славеј Планина” во Скопје

August 18, 2025

Ризикот да се загине на патиштата во Бугарија е 2,5 пати поголем од просекот во ЕУ

August 18, 2025
Фото: Шанса за Центар, ФБ

Шанса за Центар: Постои можност наместо јасна листа за гласање, да добиеме тетратка со голем број имиња

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk