ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Решени се загатките на Србија, Македонија и Америка, нивните сфинги можат да се фрлат

March 15, 2025 12:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

„Секоја епоха е сфинга што се фрла во бездната оној момент кога ќе се реши нејзината загатка.“

Универзалната формула на Хајнрих Хајне е пред уште една потврда, овој пат на Балканот.

Решена е загатката на Вучиќ и на неговата злосторничка инсталација, викана Српска напредна странка.

Психопатите не можеле да смислат подјебавачко име за своето здружение!?

Студентите ја урнаа опчинетоста на народот со таа сфинга на приватизираната и уништена држава, нашминкана со националните интереси и со идиотлукот на нивната непрекината кобајаги одбрана, низ долгиот марш на високата самосвест, решителност, благородност и добронамерност.

Со духот на младоста, храброста и неповредливоста на интегритетот.

И ќе ја урнат, можеби, веќе денеска.

Без да ја допрат.

Па ќе остават новата власт да ја фрли во бездна која е соодветна за крајот на неверојатното зло што 13 години му го правеше на Србија, на српскиот народ и на сите граѓани на Србија, кои не беа дел од злото.

Србија често била во конфликт со слободниот свет, но со студентската епика и со востанатиот народ, предводи еден процес кој е спротивен на мејнстримите во голем дел од светот, кој до скоро беше слободен. Тоа е голема работа за Србија која ако издржи не само во смената на власта туку и во смената на многу аспекти од вкоренетите светогледи загадени со митови, стереотипи и лаги, ако олабави со русофилството и православната затапеност, може да смета на лидерска позиција во овој дел на светот.

Јас мислам Хајне е присутен и во Македонија.

Решена и загатката на Македонија: Нордот не може да ја издржи демократијата, а демократијата не може да го издржи Нордот.

Тоа е маркер кој нѐ открива како шверцери во современата историја на светот. Од кој вмро сака да нѐ исфрли како илегални имигранти.

Натрапници.

Тоа е нивната мисија.

Нашата специфика е во тоа што демократијата не ја лизнавме во авторитаризам или диктатура, освен во некои белези кај шаткастото чудовиште, туку во систем за распаѓање преку кинење на вредносната арматура на општеството, преку општа пљачка и преку одбраната на националните интереси како чирибу-чириба чорба за нацијата на која тој пристап и овозможува да не го забележи односно полесно да го поднесе своето исчезнување.

Македонија е свесно и систематски уништувана затоа што е создадена како резултат на изневерата на највисоките принципи на вмро. Кои не поднесуваат многу работи, но ако нешто треба да се тури на прво место, тогаш е тоа идејата за Македонија како национална и државна реализација на македонскиот народ.

Откако Македонија одби да ја реши загатката на вмро, вмро ја реши загатката на Македонија.

Затоа што вмро е загатката.

А Македонецот не е способен да решава загатки.

Вмро му покажа на светот дека тука нема материјал за држава и нација, а борбата за националните интереси ја прави како парада која помага смртта многу да не ја боли.

Бугарите ќе се внесат во Уставот дури откако Македонците ќе излезат.

Луѓето со три грама мозок ја прочитаа играта (Мицкоски: Нема да правиме уставни измени додека Бугарија не ги заврши своите обврски, блаблабла!), но се плашам дека малку е касничко.

Скандалот со Судскиот совет за вмро е добар дури и ако заврши со лошите оценки на известувачот. Односно со сериозна дисквалификација на државата. А ако партиското преземање на оваа институција и преку неа на целото правосудство успее, тогаш ќе мораме да ги менуваме документите зашто можете да бидете сигурни дека Македонија повеќе нема да живее тука.

Но, не би ја фрлал сфингата во бездна.

Ако можеме со интензивна терапија со културни и политички антибиотици да ја фрлиме во аналната бездна и после во бездната на септичката јама, хеликобактерот на вмро кој ја јаде слузокожата на желудникот на Македонецот и ретката маса на неговиот мозок.

Вмро-дпмне победи на последното рочиште за наследството на мртвата држава, макар што во тестаментот никаде го нема.

Затоа што презентираше фактичка состојба како резултат на својата узурпација што судијата кој сакаше да остане несменет, не го зема предвид.

Главните наследници најавија жалба.

Решена е и загатката на САД.

Решението се вика Трамп.

Американците од Мајами, во чамци, на сплавови или на даски за сурфање, Фелпс и со пливање, бегаат на Куба. Во Хавана веќе има мал кварт кој се вика „Мала Америка“. На другата страна на континентот Американците брзаат да ја престигнат изградбата на ѕидот и благовремено да избегаат во Мексико, прво во Тихуана па после Зихуатанехо, кај што избегаа Енди Дуферн (Тим Робинс) и Елис Бојд (Морган Фриман)  од затворот Шошенк.

Богатите бегаат во Италија, Шпанија, Канада. Ирците се на ум да се вратат во својата прататковина. Така што големи се изгледите во мандатот на Трамп во Америка да останат само Индијанците.

Што ќе биде најголем успех во антиимигрантската свињарија на лудиот поглавица, со извинување на Индијанците за одземената земја, за геноцидот и гетоизацијата, наназад неколку векови.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk