ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повредените од пожарот во Кочани на лекување во белградските болници на удар на Пи-арот на Вучиќ

March 18, 2025 12:43
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Бурни реакции кај дел од македонската и српската јавност предивика појавувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ со свита од десетина камери и новинари, во болничките соби каде што се сместени пациентите од пожарот во Кочани. Тие што со тешки изгореници и животнозагрозувачка состојба беа испратени во Белград за да добијата подобар третман и лекување, станаа жртва на Пи -арот на српскиот претседател.

Со над 10 камермани и репортери покрај себе, облечени во цивилна облека, српскиот претседател Александар Вучиќ вчера влезе во просториите во белградската болница каде што се лекуваат повредените од пожарот во Кочани. Ова наиде на остри критики кај дел од македонската и српската јавност, особено беа спорни видета и фотографиите кои Вучиќ ги сподели од повредените додека беспомошно лежат во болничките кревети, приклучени на апарати и целите во завои.

Фото: Скриншот

Од фотографиите и видео материјалите објавени војавноста, се гледа како Вучиќ оди од кревет до кревет, со свитата новинари и камери, додека се елаборираше здравствената состојба на пациентите, од кои некои беa свесни, и се заблагодаруваа на помошта, но имаше и пациенти кои не беа во свесна состојба. Истовремено, Вучиќ, заобиколувајќи ги болничките протоколи за одржување стерилност во собите на пациентите со изгореници, кои имаат третман на отворени рани подложни на инфекции, го доведе во опасност животот и здравјето на пациентите.

Фото: Скриншот

„Немојте прес конференции над пациенти, не е во ред, особено не над овие со тешки изгореници, без трошка политика во коментаров мој, изгореници се третираат како отворена рана, не смее вакви гужви од цивили. Од срце благодариме за цела помош, најискрено, ама немојте ова“, напиша докторот Ненад Лазаров.

Повредени од пожарот во Кочани беа испратени на лекување во повеќе држави од регионот и земји членки на ЕУ, но никаде немаше претседатели или премиери кој си прават ПР сликајќи се со поврдените, освен во Србија.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post

Луксембург организира медицинска евакуација по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk