ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Кукли од месо

March 22, 2025 12:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Поимот на самиот себе – внатрешното јас кое спроведува самодисциплина, го одложува задоволувањето, го контролира сексуалниот апетит, избегнува насилство и злосторничко однесување – внатрешното јас кое може да ја развива интелигенцијата и да се вивне со сопствени напори до највисоките животни врвови низ учење, вежбање, истрајување и одбивање да се предаде и кога шансите се слаби – тој старомоден поим (не заборавете, со сопствени напори) на успехот низ настојување и вистинска упорност, веќе сега исчезнува, исчезнува, исчезнува…

Вели Том Волф.

Исчезнува, велам јас, исчезнува сигурно, а ако некаде особено успешно напредува во тоа исчезнување, тоа е Северна Македонија.

Том Волф, лево ориентиран писател, кој ја почитува невронауката и еволуциската психологија, е загрижен за моралните импликации што тие ги донесуваат.

Демек, објаснувањето на дел од човековата природа со детерминацијата што ја вршат гените.

Со генетската одреденост на природата односно на поведенијата и карактерот.

Стефен Гулд се прашува зошто сакаме на своите гени да им ја подметнеме одговорноста за сопственото насилство и сексизам, на пример.

Читам парчиња од овие студии на социобиологијата и критиките на оваа релативно нова научна дисциплина и доаѓам до заклучокот дека невронауката и еволуциската психологија можат да нѐ соочат со вистината за пореметената природа на Македонецот, односно да ни кажат колку тоа пореметување се должи на гените, а колку на околината, на културното, моралното, национално и социјално окружување.

Без таква наука не може да се постави дијагноза за македонската лудост.

Што е многу важно затоа што ние сакаме да ги решаваме трагедиите, а да не излеземе од лудоста која ги предизвикува.

Реакциите и истрагата покажуваат дека Македонија ја користи трагедијата во Кочани за да остане во комотната позиција на својата лудост.

Загинатите се користат како оружје да се убијат други луѓе кои не се по ќеиф на власта.

Во јавниот дискурс има некои знаци на отрезнување, особено кај младите, но поради односот на силите, доминира лудоста.

Не и покрај сѐ, туку токму поради тоа сѐ.

Вмро е одговорно по двете основи за деформираната природа на македонскиот човек. Вмро претставува понова, генетска, би рекол, фиксација која го води Македонецот во карикатуризирање и смрт како што родителите ги носат своите деца во забавен парк. Социобиологијата сигурно може да најде многу врски меѓу генетската структура на Македонецот и неговата природа во која доминираат покорност, страв, страв од повисоки инстанци, стравопочит кон власта, склоност кон измами и лаги, кон корупција на ниско ниво, лош јазик како некаков низок плафон на когнитивноста. Веројатно како резултат на вековното ропство и определбата или примораноста во такви услови да оцелее, што би рекле Бугарите.

Но, и со таква генетска структура, Македонецот успеа да се изгради себе си во современ човек кој оставаше впечаток дека ги има дадено сите испити од култура, самоконтрола, солидарност, пристојност…

Сѐ до појавата на вмро кое тие дострели ги означи како комунистичка подметачина и реши дека ќе ја убие сета модерносг кај македонскиот човек за да го направи вистински Македонец.

Односно ништо.

Народот му беше подметнат на Македонецот.

Како нешто што модерноста го расипува.

Така беше ослободена разорната сила на тој народ.

Секоја кочница во природата и карактерот беа прогласувани за дело на предавниците и непријателите.

Така беше инсталирана културата на култот со која беше заменета културата на нацијата.

Презирот кон тие што знаат или имаат, кон тие што се културни и пристојни, афирмирани и успешни, стана битна ознака на природата на Македонецот заедно со гордоста во примитивноста и задоволството од секое насилство.

Така Македонците, претворајќи се во вморони, станаа кукли од месо.

На Европа ѝ ја оставаме куклата, а месото ќе го јаде четата, нормално.

Тоа што за Волф е исчезнување на поимот на самиот себе – внатрешното јас кое спроведува самодисциплина, го одложува задоволувањето, го контролира сексуалниот апетит, избегнува насилство и злосторнично однесување, кај нас е протерување.

Знам дека сега ќе се јават лудаците кои, нормално, не разбираат ништо, со репродукција на снимките што ги емитираат од своите шупаци, демек кај е тука сдсм, кај се дуи, каде се другите итн.

Тука се, сакам да им кажам, и не се невини, далеку од тоа, но ние мораме да се симнеме од таа клацкалка и да се зафатиме со основниот извор на македонската трагедија: вмро!


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

May 9, 2025

(ВИДЕО) Пукање во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, едно лице повредено

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk