ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Без зборови“ – хуманитарен концерт на Филхармонија за настраданите во Кочани

March 24, 2025 11:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Концертот „Без зборови“ на оркестарот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи в четврток, со почеток во 20 часот ќе биде хуманитарен, а средствата од продадените билети ќе бидат донирани во Фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

На програмата се Адаџо за гудачки оркестар, оп. 11 од Семјуел Барбер, Концертот за тромбон и оркестар од Анри Томази и Концертот за оркестар од Бела Барток. Како солист ќе настапи Џовани Скарпета од Колумбија, а како диригент за првпат пред оркестарот на Македонската филхармонија ќе застане маестро Габор Холерунг од Унгарија.

Габор Холерунг (Будимпешта, 1954) е успешен оркестарски и хорски диригент, добитник на наградата „Франц Лист“, а ја носи и титулата Заслужен уметник на Унгарија. Тој е извршен музички директор на Симфонискиот оркестар „Донани Ерне“, главен диригент е на Академскиот хор во Будимпешта и основач и уметнички директор на Меѓународниот хорски конкурс во Будимпешта. Студирал на колеџот за музика „Франц Лист“, со специјализација за хорско и оркестарско диригирање, а потоа го продолжил образованието посетувајќи мастер-курсеви со Ерик Ериксон и Курт Мазур. Неговата диригентска активност во Унгарија му носи успеси, од кои се издвојуваат: втор диригент на Симфонискиот оркестар во Мишколц и главен диригент и извршен музички директор на Симфонискиот оркестар „Донани Ерне“ од Будафок. Чест гостин диригент е и на сцените надвор од земјата, диригирајќи со повеќе европски оркестри, а бил и прв гостин диригент на Симфонискиот оркестар во Ерусалим, гостин диригент на Израелскиот филхармониски оркестар, на Симфонискиот оркестар во Синсинати, Бразилскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар во Шангај, Националниот симфониски оркестар на Тајван. Добитник е и на наградата Витез на крстот од Орденот за заслуги на Унгарската Република.

Тромбонистот Џовани Скарпета почнал да учи тромбон со својот чичко и теорија на музика со својот дедо и бил член во Младинскиот симфониски оркестар на Колумбија, каде што свирел седум години како главен тромбонист. Четири години по ред ја добивал наградата за млади изведувачи „Роберто Мантиља“ на Националниот конкурс на Министерството за култура и оттогаш освоил повеќе значајни признанија за неговиот талент. Настапувал како солист со Симфонискиот оркестар на Колумбија, Боготската филхармонија, Националниот симфониски оркестар на Колумбија, Симфонискиот оркестар Санта Фе (Аргентина), Симфонискиот оркестар на Антиокија (Колумбија), Симфонискиот оркестар на Калдас (Колумбија), Оркестарот на Универзитетот во Барселона (Шпанија), Филхармонискиот оркестар на Венецуела, со кој пак, ја имал честа во таа земја да ја изведе премиерата на Концерт на Анри Томаси. Во 1996 година студирал на „Моцартеум“ во Салцбург, Австрија, а во 2010 специјализирал интерпретација на Конзерваториумот Лицеу, Шпанија. Како солист настапувал и во Германија, Австрија, Шпанија, Аргентина, Канада…, но исто така, свирел како соло тромбонист во најголемите оперски и балетски компании во Колумбија. Член е и основач на повеќе камерни брас-ансамбли, а успешна кариера изградил и како педагог. Повеќе од 20 години се посветил на формирање на нови генерации тромбонисти, предавајќи на најпознатите музички факултети во Колумбија. Од 2007 година редовно свири и предава на фестивалот „Тромбонанза“ во Санта Фе, Аргентина. Од 2015 е основач, член и претседател на „Колумбиската асоцијација на тромбонисти“. Бил член на Боготската филхармонија од 1994 до 2003 година како тромбонист и еуфонист, а од 2003 година е водач на групата и главен тромбонист на Националниот симфониски оркестар на Колумбија.

Tags: Без зборовиФилхармонијахуманитарен концерт
Next Post

До недела променливо облачно со повремен дожд

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk