ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фајненшал тајмс: Поткопаната доверба во САД – ги турка Европа и Азија кон алтернативи во нуклеарната безбедност

March 24, 2025 18:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Нуклеарните закани од страна на рускиот лидер Владимир Путин и неговите сојузници, во позадина на политиката на попустливост кон Москва промовирана од американскиот претседател Доналд Трамп, доведоа до ситуација што до неодамна изгледаше незамислива – сојузниците на САД – од Берлин до Токио – почнаа да размислуваат за свет без американскиот нуклеарен штит, се наведува во анализа на „Фајненшал тајмс“.

Ова се случува во услови на јакнење на нуклеарниот арсенал на Кина и Северна Кореја, активностите на Иран и распоредувањето на руски боеви глави во Белорусија.

-Претседателот Џон Кенеди во 1960-тите предупредуваше на опасноста од ширење на нуклеарното оружје и токму затоа се дојде до Договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ). Според договорот, бројот на официјално признати нуклеарни сили се ограничува само на пет: САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија. Но експертите сметаат дека овој систем денес е нарушен. Анкит Панда од Фондацијата Карнеги вели: „Феноменот Трамп ги охрабри повиците во сојузничките земји дека само сопствено нуклеарно оружје нуди вистинска сигурност“.

Историски гледано, некои земји не се потпираа на САД. Франција разви своја програма под влијание на де Гол, и Кина по раскинатото пријателство со СССР. Во меѓувреме, повеќе сојузници се откажуваа од таа идеја поради високата цена и политичкиот ризик. Ситуацијата денес е поинаква.

Во Европа, околу 100 американски бомби B61 се распоредени во пет земји – Германија, Белгија, Италија, Холандија и Турција. Но некои лидери сега размислуваат за алтернативни извори на заштита.

Во Германија, идниот канцелар на оваа земја, Фридрих Мерц, изјави дека Германија треба да разгледа можности за нуклеарна соработка со Франција и Велика Британија. Тој дури предложи создавање нов европски одбранбен сојуз. Иако поранешниот министер за одбрана Борис Писториус ја отфрли таа дебата како „непотребна ескалација“, некои функционери приватно сугерираат дека ако треба, Германија треба барем да изгради капацитет за брза нуклеарна програма.

Во Полска, премиерот Доналд Туск повика на проширување на „нуклеарниот чадор“ над Полска и рече дека земјата води сериозни разговори со Франција. Претседателот Анджеј Дуда, пак, предложи САД да стационираат нуклеарно оружје и во Полска. САД засега се воздржани, но идејата добива поддршка во Варшава, иако Полска нема ниту нуклеарни централи, ниту сопствени технологии.

Во Јужна Кореја,  ниту една партија не повикува на развој на оружјеа самоо одделни  политичари, вклучувајќи го градоначалникот на Сеул, за тоа земјата да биде подготвена за брз развој или прибавување на оружје. Проблемите со Северна Кореја и зголемената нуклеарна моќ на Кина се главни причини за овие ставови. Јужна Кореја има високо развиена нуклеарна технологија и капацитет за брз технолошки развој.

Јапонија историски е против нуклеарно оружје. Земјета располага со 8,6 тони плутониум – доволно за илјадници бомби. Некои политичари почнуваат да го преиспитуваат досегашното табу во услови на нестабилен меѓународен поредок и несигурни американски гаранции.

Иран е блиску до способност за производство на атомска бомба, со ураниум обогатен до 60 отсто додека Белорусија, пак, повторно прими руски тактички боеви глави, што ги зголемува тензиите во Европа.

Tags: нуклеарна безбедностСАД
Next Post

Пукање во Центар за социјални работи во Прилеп, ранета социјална работничка

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk