ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протест во Тетово – се бара расветлување на трагедиите со голем број жртви

March 24, 2025 14:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Во Тетово се одржа марш и јавен протест на група граѓани по повикот на иницијативата „Нула“ за изразување револт поради голем број трагедии со цел да се побара одговорност. Граѓаните се собраа на плоштадот половина час по пладне, по што групата се движеше до зградата каде функционираат Основен суд во Тетово и Основното Јавно Обвинителство.

Обраќања имаа претставници на семејствата чии членови ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во Тетово и во сообраќајната несреќа на автобусот на Беса Транс во Бугарија.

Протест во Тетово - се бара расветлување на трагедиите со голем број жртви

– Дали требаше да се случи трагедијата во Кочани да се уверите дека овој систем е пропаднат. Јавно го прашувам Венко Филипче колку чини животот на мајка ми. Јавно го прашувам Кочо Анѓушев колку милиони евра профит вредат нашите 14 најблиски кои беа живи изгорени. Премиере Мицкоски вие ме посетивте дома за да ми изразите сочувство и ми ветивме дека случајот со модуларната болница ќе се расчисти. Дали требаше да изгорат уште 59 граѓани за конечно нешто да се преземе, рече Мумин Исмаили, претставник на семејствата кои имаат починати членови во модуларната болница.

Бурим Исљами кој загубил тројца членови во сообраќајната несреќа на автобусот на Беса Транс во Бугарија, рече дека се плашат дека и овој случај ќе заврши како и претходните, каде што виновници ќе бидат мртвите, каде што виновници ќе бидат најслабите.

-Но едно е сигурно еден ден пред Господ сите ќе одговараме и тогаш на вас и на убијците и на криминалците нема да ве спаси корупцијата, рече Исљами.

Бленди Ходаи од Иницијативата Нула ги истакна барањата кои ги упатуваат за четирите трагедии во Модуларната болница, Кочани, Ласкарци и Беса Транс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ZERO! (@iniciativa.zero)

– За Модуларната болница: Бараме од Основното Јавното Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да го извади од фиока истрагата за вистинските виновници на пожарот во Модуларната болница и да поднесе обвинение против го одолговлекувале овој предмет, вклучително и јавните обвинители. Судењето за овој случај да се води без политичко-бизнис влијание. Кочани: Бараме независна истрага и вклучување на надворешни експерти за да се обезбеди непристрасна истрага за овој случај. Да бидат изведени пред правдата сите оние кои со дејствување или со недејствување овозможиле незаконско функционирање на дискотеката од 2013 година, рече Ходаи.

За случајот Ласкарци, Ходаи рече дека бараат Апелацискиот суд да го врати предметот на повторно судење и да ги земе предвид жалбите на Јавното обвинителство за изрекување повисоки казни за обвинетите додека на сопствениците на „Дурмо-Турс“ да им се забрани вршење на оваа дејност.

– Покрај актуелно обвинетите, пред лицето на правдата да одговараат и сите службени лица кои во тој период дозволиле овие автобуси да сообраќаат без да поминат соодветни технички прегледи, рече Ходаи.

За случајот со Беса Транс од Иницијативата побараа Кривичниот суд да изрече повисоки казни за актуелно обвинетите со оглед на тоа што предметот е вратен на повторно судење, како и да одговараат сите јавни службеници кои тогаш овозможиле автобусот повеќе од 20 пати да ја премине границата со лажен сертификат за меѓународен превоз, а на сопственикот да му се забрани вршење дејност за превоз на патници.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: протестТетово
Next Post

Од март 2012 година во Кочани нема инспектор за заштита од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk