Вработена во прилепскиот Центар за социјални работи е ранета од огнено оружје денеска нешто пред 14 часот, во просториите на Центарот.
Веднаш е пренесена во прилепската болница и според првичната информација од директорот на Болницата, таа е во стабилна состојба.
Од службата за итна помош биле повикани во Центарот да укажат помош во 13:55 часот. Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна рана од куршум во стомакот.
Јавен обвинител и полицијата вршат увид во просториите на Центарот и наскоро најавија информации за случајот и напаѓачот, кој неофицијално, подолго време ја демел.