ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Секој збор заслужува да биде прочитан!“ – донирани книги на Брајово писмо во библиотеките и институциите што работат со лица со оштетен вид

March 24, 2025 10:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на проектот „Создадено во Европа: Moќта на различноста“, а со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“,  „Антолог“ донираше изданија на Брајово писмо од книгите „Невидлив“ од Елој Морено (во превод на Виолета Јагев) и „Чекорите до црешовото дрво“ од Паола Перети (во превод на Искра Димковска).

Шпанскиот автор Елој Морено на 8 февруари го собори Гинисовиот рекорд за најмногу потпишани книги, а романот „Невидлив“ е на тема врсничко насилство. Италијанската писателка Паола Перети пак самата страда од Старгардова болест, што означува постепено губење на видот до целосно слепило. Минатата година таа беше гостинка на јубилејното издание на Фестивалот „BookStar“. Нивните дела сега се достапни и на Брајово писмо во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, како и во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Скопје, соопшптуваат од „Антолог“.

Книгите се изработени на Брајово писмо во соработка со Здружението на слепи лица на Општина Велес, Брајова библиотека „Ратко Пајдаков“ – Велес, а поради нивната обемност двете публикувани се публикувани во два тома. „Антолог“ верува дека книгите не се привилегија, туку граѓанско право. Вистинската вредност на литературата се мери со нејзината достапност – со можноста секој читател, без разлика на предизвиците, да може да ја почувствува моќта на зборот. Со оваа акција правиме чекор поблизу до свет во кој никој нема да биде исклучен од магијата на раскажаните приказни.

„Антолог“ ја спроведува акцијата „Секој збор заслужува да биде прочитан!“, во рамки на која се донираат книги на Брајово писмо во библиотеките и институциите што работат со лица со оштетен вид.

Книгите на Брајово писмо претставуваат суштинска алатка за едукација, културен развој и лична надградба на лицата со оштетен вид. Изработени со специјални релјефни точки што можат да се читаат со допир, тие им овозможуваат на корисниците подеднакво да уживаат во литературата, стекнувајќи знаење и инспирација. Процесот на нивна изработка бара прецизност и посветеност, со цел да се обезбеди јасност и квалитет на печатот, што е од клучно значење за лесно читање, наведуваат од „Антолог“.

Tags: „Секој збор заслужува да биде прочитан!“брајово писмо
Next Post

„Ју-ту“ ќе добијат почесно членство на британската Академија „Ајвор“

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk