Независното студентско собрание го објави правилникот и дневниот ред на студенткиот пленум кој ќе се одржи денеска во 13 часот на платото на УКИМ.
Тие во својата објава наведуваат седум правила.
Денвниот ред започнува со воведно обраќање на модератори, потоа 15 минутен молк, претставување и упатување кон активните зони и околу 14:30 часот е предвидено затворање на пленумот.
Ќе има четири активни зони.
Од Независното студентско собрание порачуваат дека собирот не е за да се креира конфликт туку за да го вратат просторот.
Ова е платото – конечно наше, после долго време. Се собравме затоа што смачено ни е да не не слуша никој, а сите да зборуваат во наше име. Ова не е ничиј политички проект. Ова не е спектакл. Ова е студентски пленум – самостоен, одговорен и тука да остане.
Не ни треба одобрување. И не можат да не замолчат. Тука сме. И ќе не има, напишаа тие.
View this post on Instagram
Преземено: Нова ТВ