Државната комисија за ревизија констатирала дека спротивно на Законот за градење, поранешниот градоначалник на општина Прилеп Марјан Ристески, ја предал во употреба Зградата на Општина Прилеп без Одобрение за технички надзор, без Одобрение за употреба, зградата нема Имотен лист, односно не е запишана во книгата на недвижности на Агенцијата за катастар и недвижности, вели Александар Китаноски советник на СДСМ, пренесува Секторот за комуникации Прилеп.
„Овластениот државен ревизор при Државниот завод за ревизија во изготвениот конечен Извештај констатирал дека, после Одлуката на Владата за давање на објектот на Министерството за одбрана на Општина Прилеп на користење без надомест, во текот на 2008 година, спротивно на член 10 на Договорот, Општината издала Одобрение за градење со кое е предвидена реконструкција и надградба на објектот;
После завршувањето на инвестиционите работи ОБЈЕКТОТ Е ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА БЕЗ ОДОБРЕНИЕ од надзорен инженер за градба;
Ваквото постапување НЕ Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ каде е уредено дека ГРАДБАТА ЌЕ СЕ СТАВИ ВО УПОТРЕБА ПО ИЗДАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА УПОТРЕБА;
До денот на ревизијата ОБЈЕКТОТ НЕ Е ЗАПИШАН ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ КАКО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП, бидејќи после извршената надградба и изменетата состојба ОБЈЕКТОТ НЕ СООДВЕТСТВУВА НА ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА и за него НЕМА ОДОБРЕНИЕ ЗА УПОТРЕБА“, истакна Китаноски.
– Над 150 вработени во Општина Прилеп работат во нелегален објект, во дивоградба! Со ставањето во употреба на оваа дивоградба, доведена е во опасност безбедноста на вработените, но и на сите оние граѓани кои од денот на нејзиното предавање во употреба во 2011 година па до денес, по било кој повод или причина, макар и на кратко престојувале во општинската зграда!, нагласи Китаноски.