Користењето на зборот „глодари“, како кај латасовци на Фејсбук ама и од страна на премиерот Мицковски, на вчерашниот прес одново покажува дека во партиската зграда на ВМРО ДПМНЕ, што народот ка нарекува Шампита, се произведува дозволен речник на своите најшироки корисници, пишува новинарот Љубомир Костовски на својот Фејсбук профил.
Од дното до врвот – а тешко е да се утврди што е тука дно, а што врв – говорат за гадинки во описот на оние кои бараат одговорност по повод трагедијата во Кочани, се опишува нешто што го користи, на пример, Ками во своето легендарно дело „Чума“ (1947).
Истото беше сторија – предвесник на доаѓањето на фашизмот ако добро се сеќавам. Само овие денови кај нас ама и во многу други земји со слични автократски обиди за владеење (Унгарија, Србија) и така се по линија север – југ се јавува јавно незадоволство. Многу работи оттогаш се сменети па и купуваwето на седум медиуми од страна на Орбан веќе е тешко да бидат дел од таква превага на една политичка опција во Македонија во толкава мерка.
Преземено: Цивил Медиа