ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ристески вели Одлуката за усогласувањето на минималната плата е донесена легитимно

March 26, 2025 15:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Точно се утврдени пропозициите за утврдување на износот на минималната плата. Тоа го определува Законот за минимална плата. Така што сосема легитимна е вчера донесената одлука на Владата за усогласување на минималната плата, посочи денеска заменик-министерот за економија и труд, Маријан Ристески.

Ристески пред медиумите појасни дека минималната плата се одредува согласно податоците од Државниот завод за статистика, за што како основа се зема 50-проценти од просечната плата исплатена минатата година и 50-проценти од индексот на трошоци односно инфлацијата за претходната година. Истовремено тој нагласи дека истата не треба да биде пониска од 57 отсто од просечно исплатената плата за минатата година.

– Како Влада имаме обврска да го почитуваме Законот за минимална плата, кој треба да почне да се спроведува наредниот месец. Има доволно време за институциите да го пресметаат покачувањето на минималната плата, кое законски изнесува 2200 денари, рече Ристески.

На забелешките на новинарите дека одлуката е донесена без присуство на репрезентативен синдикален претставник во рамките на Економско социјалниот совет (ЕСС), заменик-министерот посочи дека ЕСС  е советодавно тело, а нивните забелешки откако ќе бидат усвоени понатаму треба да имаат своја завршница преку соодветна законска процедура.

Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците. Владата сама одлучи, без да се разговара на Економско-социјалниот совет (ЕСС) и си донесе износ на минималната плата од 1 800 денари, рече денеска претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Според Деаноски, Синдикатот на УПОЗ не е задоволен од Одлуката. Изгледа на Владата толку добро и оди што може, нагласи, да носи одлуки без синдикатите и работниците.

Ова, укажа Деаноски, не е покачување на платата, туку е усогласување што треба да го добијат сите работници во јавниот сектор, линеарно, со порастот на животните трошоци и порастот на просечната плата.

Поврзано:

Првпат без работниците Владата сами си одлучи за минималната плата, УПОЗ не е задоволен

Tags: Марјан Ристескиминимална плата
Next Post

Вработени во центрите за социјална работа под уцени и закани, не можат јавно да ја поддржат нападнатата колешка од Прилеп, вели Деаноски

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk