ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вработени во центрите за социјална работа под уцени и закани, не можат јавно да ја поддржат нападнатата колешка од Прилеп, вели Деаноски

March 26, 2025 15:41
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседател на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски вели дека вработените во центрите за социјални работи, посебно оние од скопскиот регион, се изложени на притисоци и закани со отпуштања или прераспределувања ако излезат јавно да и дадат поддршка на колшеката од Прилеп која пред неколку дена беше нападната од корисник на социјални услуги со огнено оружје и здоби две прострелни рани.

-Беше замислено тука да има голем број вработени од Центарот за социјални работи кои сакаат да и дадат поддршка на колешката и да побарат од работодавачите побрзо да има мерки за заштита на безбедноста на вработените. Но, за жал, од вчера вечер, по наредба на Министерството за социјална политика и раководителите и директорите од скопските центри за социјални работи, останав без колегите зашто сите се заплашени, им се закануваат дека ако излезат надвор и и дадат поддршка на колешката или побараат какво било друго право, ќе бидат избркани од работа или прераспределувани на други места. Сакам само да ги охрабрам дека за правата на работниците не треба да се молчи, туку треба да се бориме. Никој ништо не може да им направи, ниту да ги избрка од работа ако сакаат да заштитат колега, изјави Деаноски.

Тој повтори дека барањата на УПОЗ се стари, од 2023 година, и не се променети.

-Првото е обезбедување безбедност на вработените. Треба да се знае дека центрите за социјална работа се специфични, вработените се даватели на услуги, административни службеници и помошни технички лица, секогаш работат со најмаргинализираната група граѓани и секогаш се изложени на голем ризик. Напаѓани се вербално, физички, а она што се случи пред некој ден во Прилеп беше кулминација на сите напади до сега. Верувам дека и работодавачите не сакаа тоа да се случи, пред неколку минути – половина час имаше известување на Министерството за социјална политика кое го осудува нападот и информира дека сега ќе почне да работи на тендер за вработените безбедно и сигурно да работат. Се надевам дека тоа нема да биде доцна и дека ова ќе биде добра порака не само до работодавачите во центрите, туку и до целата администрација и до Владата  – дека тие луѓе кои работат за државата треба да бидат заштитени, нагласи претседателот на УПОЗ.

Синдикатот очекува, додаде Деаноски, да се забрза постапката за обезбедување на вработените.

-Имавме и усна комуникација дека се најдени еден дел од средствата за покачување на платите, но тоа го чекаме со години наназад и веќе не веруваме во ништо што ќе се каже. Ќе видиме што ќе биде понатаму во преговорите. Во овој момент излезени се надвор од работните места и колегите од Прилеп, Велес, Куманово, Тетово и Гостивар, само во скопските центри за социјална работа имаше најмногу притисоци да не излегуваат за да дадат поддршка на повредената колешка Марјана, застрелана на работното место со два куршума. Поголем апсурд од ова нема. Да имавме работодавачи како што треба до сега сите ќе отидеа во Прилеп, ќе ја посетеа колешката во болница, ќе и дадеа поддршка дека вакво нешто нема повторно да се случи, но место да излезат на лице место, комуницираме преку соопштенија и преку медиумите, рече Деаноски.

Тој ги повика медиумите да влезат во центрите за социјална работа и да видат во какви услови работат вработените таму.

-Вработените не добиваат никаков надоместок за дежурство и за приправност, влегуваат сами, без полиција и без никаква заштита каде што има убиства, немаат ниту бенифициран стаж. Пробпемите на овие вработени се огромни и за да избегнеме вакви ситуации во иднина овие проблеми мора што побрзо да се решат, нагласи претседателот на УПОЗ.

Повредената социјална работничка од Прилеп, членка на УПОЗ, била двапати застрелана, во раката и во стомакот. Според Деаноски, таа е во добра состојба и брзо се опоравува.

-УПОЗ застанува зад неа, верувам не само со правна, туку и со финансиска поддршка, изјави Деаноски.

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собрание: Работата на пратениците продолжува во други вообичаени форми, откажани се само пленарните седници и комисиите

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk