Вицепремиерот на Србија Александар Вулин изјави дека очекува руската безбедносна служба ФСБ наскоро да испрати своја делегација од експерти и дека ќе излезат со јасен став дали на студентскиот протест на 15 мај во Белград било употребено звучно оружје, јавуваат српските медиуми, пренесува ЦивилМедиа.
„Не знам дека некоја влада некогаш била толку транспарентна за да каже: дојдете и проверете. Сигурен сум дека ФСБ ќе го истражи тоа во најкус можен рок“, рече Вулин.
Вулин изјави и дека Русија ја поддржува Србија во борбата против „обоената револуција“, бидејќи смета дека „една од суштините на меѓународното право е некој да има право на свој пат“.
Д. Т. / Цивил Медиа