Поради уличен дефект на ул.1559 бб во Радишани, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.1559 и дел од село Радишани.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.