ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одлуката за минималната плата, според Владата е легитимна, ССМ во петок ќе одлучува за следните чекори

March 27, 2025 09:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Откако во вторникот на владина седница помина информацијата за утврдување на минималната плата согласно која минималната плата треба да биде зголемена за 1.800 денари, вчера Сојузот на синдикати на Македонија реагираше што ваквата одлука е донесена без договор со работниците. Од Владата велат дека овој износ е утврден согласно законските критериуми за минимална плата и дека одлуката е легитимна.

За петок е закажана седница на Претседателството на ССМ на која ќе се разгледаат идните чекори што ќе се преземат, а според информациите на ССМ за тогаш е закажана и седница на Комисијата за репрезентативност.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, кој е дел од ССМ, Трпе Деаноски вчера во изјава за медиумите рече дека за првпат се носи одлука за минималната плата без консултација со работниците.

– Првпат Владата сама си донесе одлука откога е воведена минималната плата во 2012 година и за неа одлучи без работниците. Имавме парола пред неколку години на 1 Мај дека не смее да се одлучува без работнциите, а, Владата, за жал, на седница си донесе износ на минималната плата од 1 800 денари, без да се разговара на Економско-социјалниот совет, без да одлучат и работниците и работодавачите и Владата. Апсолутно сме незадоволни од ваквата одлука на Владата. Ги знаете нашите барања и од нив не отстапуваме, изјави Деаноски.

Во вторникот владината прес-служба информираше дека е усвоена информација за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми и дека таа ќе бележи пораст од 2.685 денари во бруто износ, односно 1.812 денари во нето износ.

Според заменик-министерот за економија Марјан Ристески, одлуката на Владата е легитимна и согласно закон. Тој вчера на прес-конференција во Владата рече дека минималната плата се одредува согласно податоците од Државниот завод за статистика, за што како основа се зема 50-проценти од просечната плата исплатена минатата година и 50-проценти од индексот на трошоци односно инфлацијата за претходната година.

– Како Влада имаме обврска да го почитуваме Законот за минимална плата, кој треба да почне да се спроведува наредниот месец. Има доволно време за институциите да го пресметаат покачувањето на минималната плата, кое законски изнесува 2200 денари, рече Ристески.

Висината на минималната плата веќе подолг период е прашање околу кое се кршат копјата меѓу социјалните партнери. Сојузот на синдикати на Македонија бара минималната плата да биде зголемена за 6.000 евра имајќи ги предвид трошоците на живот, а придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, една година да ги субвенционира Владата. ССМ доби поддршка и од  Европската конфедерација на синдикати чии претставници на 14 март во Скопје изјавија дека барањата за зголемување на минималната плата се оправдани и дека минималната плата во Северна Македонија е најниска во регионот.

Од Владата тогаш изјавија дека пари за оваа намена нема и дека ќе се согласат со секое решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите.

Од друга страна, седница на Економско-соцојалниот совет не може да се одржи додека не се утврди репрезентативноста на ССМ која е истечена минатата година. За таа цел беше формирана Комисијата за репрезентативност, но досега во јавноста нема информација дали таа одржала состанок и каква одлука е донесена.

Tags: Владаминимална платаССМ
Next Post
Володимир Зеленски, Фото: Принтскрин

Зеленски: САД не смеат да го извадат Путин од глобалната изолација, тој наскоро ќе умре и се ќе биде готово

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk