ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Театрите во земјава го одбележуваат Светскиот ден на театарот

March 27, 2025 10:56
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќето културни институции и театрите од светот, преку прикажување на театарски претстави и одржување на панел дискусии, денеска го одбележуваат Светскиот ден на театарот. Поради трагичниот настан што се случи во Кочани, оваа година театарот „Чекори“ како и Драмскиот театар денот ќе го одбележат на хуманитарен начин, преку собирање на средства за настраданите.

Театарот „Чекори“ ќе ја изведе претставата „Гласови“ во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Скопје, а во фоајето на Драмскиот театар ќе се отвори изложба на фотографии со наслов „Ред XV … “ на авторот Драган Гајиќ (1967). Собраните средства од претставата, како и приходите од изложбата, ќе бидат донирани за помош на настраданите и повредените oд пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи во недела, 16 март.

Како што информираат од театарот „Чекори“, влезот за претставата „Гласови“ е бесплатен, но ќе биде поставена кутија за донации, каде што секој што сака, може да придонесе според своите можности.

Режисер на претставата е Маја Ѓурчевска, а актерската екипа ја сочинуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски. Тон и светло мајстор е Рој Стефанова.
Пораки за светски ден на театарот ќе читаат Никола Кузманоски, Зорица Станковска и Михаил Митески.

Изборот на фотографии на изложбата „Ред XV … “, што ќе биде отворена во Драмскиот театар, е направен од претставите што Гајиќ ги фотографирал во 2017 година за време на изведбите на претставите „Хамлет“ , „Чија си“, „Чолак“, „Љубовници“, „Последните Македонци“ и „Живот во тесни чевли“. Кураторот на изложбата е д-р Ивана Јарчевска.

Во рамки на активностите на оваа установа по повод Светскиот ден на театарот, деца од предучилишната установа „Мајски цвет“ од општина Карпош ќе го посетат театарот. Едукативната посета на децата се состои од разгледување на работните простории и разговор со актерите и вработените во театарот со што ќе имаат можност да се запознаат со начинот на создавање на една претстава.

– Програмските активности продолживаат со покана на љубителите на театарската уметност да присуствуваат на две отворени проби на претстави што се во тек на подготовка во Драмскиот театар. Првата отворена проба со присуство на публика ќе започне во 10:30 часот во салонот на големата сала „Ристо Стефановски“. Посетителите ќе ја следат пробата „Ифигенија за ништо“. Претставата е работена по текстот „Ифигенија од Авлида“ од Еврипид со адаптација, режија и кореографија на Филип Петковски. Сценографијата ја подготви Мартин Манев, а костимограф е Антонија Гугинска Јорданоска, соопштија од установата.

Обележувањето на Светскиот ден на театарот во Драмскиот театар ќе се заокружи вечерва со читање на светската порака од грчкиот режисер Теодорос Терзопулос и македонската порака на актерот Емил Рубен пред изведбата на претставата „Фамилијата Адамс“.

Македонскиот народен театар соопшти дека ќе го одбележи Светскиот ден на театарот со изведбата на претставата „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ.

Оваа година, светската порака ја напиша грчкиот режисер Теодорос Терзопулос, а македонската порака е на актерот Емил Рубен.

Терзопулос е театарски режисер, едукaтор, автор, од Грција, основач и уметнички директор на Аттис – Театарска компанија, инспиратор на Театарската олимпијада и раководител на Меѓународниот комитет на Театарската олимпијада. Рубен е пензиониран актер од ансамблот на МНТ, филмски и телевизиски актер.

Инаку, секоја година, на 27ми март, луѓето ширум светот го слават „Светскиот ден на театарот“, посебен ден кој им оддава почит и признание на уметниците на глобално ниво. Овој ден служи како потсетник за важноста на театарот и како тој може да го едуцира општеството за грижи и проблеми во различни области.

Меѓународниот театарски институт (МТИ) го востанови Светскиот ден на театарот во 1961 година и оттогаш се слави на 27ми март. Овој ден е обележан со различни национални и меѓународни театарски настани.

Првата порака за Светскиот ден на театарот ја напиша Жан Кокто во 1962 година, а секоја година меѓународна порака се споделува со сите луѓе.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Светскиот ден на театарот

НАЈНОВО

фото: МИА

Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

June 18, 2025

(ВИДЕО) Анастасија и Трн.мк со ‘Хаотична’ кавер верзија на ‘Messy’ од Lola Young

June 18, 2025

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk