Дел од професорите на Факултетот за технички науки во Нови Сад, кои ги поддржуваат студентите, денеска организираат петчасовна блокада на најфреквентниот турбо кружен тек во овој град, јавуваат српските медиуми, пренесува ЦивилМедиа.
Блокадата е поради, како што велат, од Регулативата на Владата со која драстично се намалуваат платите на универзитетските професори. Во исто време, протест на учениците и нивните родители е во тек пред деветтата белградска гимназија, а собири за поддршка на просветните работници се организираат и во другите училишта.
Д. Т. / Цивил Медиа