ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Четири дена молк од Владата за екоцидот на Крива Река

March 31, 2025 17:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четири дена поминаа од еколошката хаварија во Крива Река – а Владата, Министерството за животна средина и надлежните институции сѐ уште не даваат одговори. Нема информации што ќе се преземе, нема најави за нови анализи, нема план за заштита на здравјето на граѓаните. Дали здравјето на граѓаните е воопшто приоритет за оваа власт? Срамно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и институциите кои ги водат. СДСМ прашува: Зошто Владата молчи четири дена откако се потврдија сомнежите дека во Крива Рекла тече вода со цијанид и тешки метали? Кој го донесе политички мотивираното тврдење дека “се излеала само вода”, без ниту една анализа? Дали здравјето на граѓаните е помалку важно од заштитата на интересите на фирма блиска до ВМРО-ДПМНЕ?, соопштуваат од СДСМ.

Фактите се јасни. На 14 март, во реката Крива се излеа огромна количина загадена маса од рудникот Тораница. Независната лабораториска анализа, побарана од општина Крива Паланка, покажа драматично зголемено присуство на цијаниди, олово, фосфор и други токсични материи – на ниво кое директно го загрозува животот, здравјето, земјоделството и безбедноста на храната, истакнуваат од СДСМ.

Во таква ситуација, Инспекторатот за животна средина не само што не презеде ништо, туку и дезинформираше – тврдејќи дека се излеала „само вода“, без направена анализа. Министерството за животна средина досега не го демантираше тоа, ниту презеде конкретни мерки.
СДСМ ја повикува Владата и министерот Изет Меџити:

Веднаш да одговорат дали ќе се направат нови, целосни анализи на водите од Крива Река, Пчиња и Вардар;

Да соопштат какви мерки се преземаат за заштита на водоснабдувањето и храната во регионот;

Да објават зошто досега нема објавено ниту еден инспекциски извештај за рудникот Тораница.

Ова не е ситен проблем. Ова е прашање на живот и здравје, велат од СДСМ.

СДСМ уште еднаш потсетува: директорот на рудникот Тораница, Тони Тоневски, е партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Емил Спасовски, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, го обвини градоначалникот на Крива Паланка дека „шири паника“, наместо да побара анализа на водата. Денес е јасно кој ја кажуваше вистината и кој ја прикриваше.

Додека Владата молчи, граѓаните пијат вода, јадат храна и живеат во несигурност. Тоа е пораз на институциите, се наведува во соопштението од СДСМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Кралот Чарлс Tрети се враќа на редовните активности по краткиот престој во болница

НАЈНОВО

Тројца Германци приведени во Норвешка поради лет со дрон во забранета зона

October 3, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Занаетчиите ќе имаат свој претставник во кабинетот на градоначалникот на Скопје

October 3, 2025

Македонски граѓанин најверојатно е загинатиот во експлозија во стан во Белград, објавија српски медиуми

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Струмичанката Тина Русева блесна на „The Voice of Germany“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk