ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Едногласна поддршка од пратениците за законски измени со кои ќе се забрани пиротехника во затворен простор

April 1, 2025 13:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако беше усвоен заклучокот да се поддржи, во рамки на 42-тата седница, предлогот ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија.

Предлогот со кој се интервенира во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир е резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март во кој загинаа 59 млади луѓе и околу 200 беа повредени.

Причините за итните измени ги образложи пратеникот Тони Јаревски кој ги повика сите пратеници да се вклучат во донесувањето на измените на законот.

-Констатиравме многу пропусти кои треба да се надминат за да нема импровизации кои ќе резултираат со вакви хаварии и несреќи, кажа Јаревски.

Како што рече, со измените на Законот прекршоците против јавниот ред и мир, „се стеснува обрачот“ односно се забранува користење експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор. Се менува и регулативата – двојно ќе бидат зголемени глобите за прекршителите доколку не се почитува забраната, а ако прекршокот се повтори, се предвидува и притвор.

Со измените е предвидено и полицијата да добие зголемени надлежности при постапување и при превенција на нарушување на јавниот ред и мир.

Во процес е подготовка на  нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба од страна на надлежното министерство и со овој предлог се прави интервентна измена на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир до донесување на новите законски решенија со кои детално ќе бидат регулирани сите аспекти поврзани со експлозивните материи за цивилна употреба, во кои се опфатени и пиротехничките средства.

Пред 42-та седница, Собранието ја заврши 38-та седница која почна со оддавање почит на настраданите во трагедијата во Кочани со едноминутен молк од присутните пратеници.

На 42-та седница не  беа прифатени два предлога на пратениците од Левица – по скратена постапка да се донесат измени на Законот за работните односи, по скратена постапка.

Првиот предлог, кој го образложи Амар Мециновиќ, се однесува на продолжување на мајчинското породилно отсуство од девет на 18 месеци без разлика дали се работи за едно или  за повеќе новороденчиња или за посвоено бебе.

Мециновиќ укажа дека ова е од национален интерес и едно од решенијата за демографската криза и за негативниот прираст во државава.

Не беше прифатен ни вториот предлог на Левица за измена на Законот за работните односи – за платите во државава да се исплаќаат до 5-ти во месецот.

-Ако тоа може за нас, треба и за сите останати кои нѐ избрале да ги претставуваме, рече  пратеникот на Левица Сашко Јанчев, образложувајќи го предлогот.

Next Post

Триесетдневен притвор за членот на обезбедувањето на премиерот

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk