ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Американскиот сенатор Кори Букер постави рекорд со 25-часовен говор во Сенатот против политиките на Трамп

April 2, 2025 10:15
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Сенаторот од редовите на Демократската партија Кори Букер постави нов рекорд во американскиот Сенат, држејќи говор повеќе од 25 часа без прекин, протестирајќи против политиките на Доналд Трамп.

– Се исправам овде со намера да го нарушам нормалниот тек на работа во Сенатот на САД, и ќе стојам додека сум физички способен. Се исправам вечерва, затоа што искрено верувам дека нашата земја е во криза, изјави тој вчера, на почетокот на својот маратонски говор.

Обраќањето на сенаторот од Њу Џерси го урна рекордот од 1957 година, поставен од Стром Тармонд – сенатор од Јужна Каролина, поддржувач на расната сегрегација, кој се спротивставуваше на историски закон за граѓанските права и зборуваше во пленарната сала 24 часа и 18 минути.

Симболично, малку пред да го надмине овој рекорд, Кори Букер со емотивен и изморен глас ги потсети на зборовите на еден од неговите ментори – Џон Луис, емблематична фигура на движењето за граѓански права од 60-тите години.

Сенаторот го искористи слоганот на поранешниот демократ во Конгресот, кој почина во 2020 година, за да ги повика Американците да предизвикаат „немири, добри немири“ во општеството како одговор на политиките на Доналд Трамп.

– Овде не станува збор за лево или десно. Ова е прашање на добро и зло. Америка, ова е морално прашање: дали Уставот живее во твоето срце?, изјави сенаторот малку откако го постави новиот рекорд.

Тој конечно го предаде зборот во 20:05 часот по локално време, откако зборуваше 25 часа без прекин.

Кори Букер беше на говорницата во американскиот Сенат од претходната вечер во 19:00 часот, за да протестира против политиката на претседателот Трамп, која според него е „неуставна“.

Интерниот правилник на Горниот дом на Конгресот му дозволува на секој сенатор да земе збор, сè додека стои исправен и зборува без прекин. Оваа тактика е позната како „филибастер“ – збор што потекнува од францускиот „flibustier“ (пират, дејствувачки крај американските брегови од 16-ти до 18-ти век – бел. ред.), бидејќи сенаторот практично ја „киднапира“ говорницата и на тој начин го спречува затворањето на дебатите.

Правилата се строги: не е дозволено седење или пауза, дури ни за физиолошки потреби. Единствената дозволена пауза е онаа за гласање – кога друг сенатор може да земе збор за да постави прашање на говорникот, при што понекогаш и самото прашање е пролонгирано.

Tags: 25 часовен говорКори Букеррекорд
Next Post
Скриншот

Јокиќ постави рекорд во НБА

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk