ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог, планот ќе му го образложи на премиерот Мицкоски во следните денови

April 2, 2025 13:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани, рече Филипче, граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаме сите политички партии. Во однос на лидерската средба рече дека уште денеска или утре ќе побара состанок со премиерот Христијан Мицкоски, согласно агендите, да се организира таа средба.

Областите каде што треба системски пристап, според Филипче се – образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација.

-По големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите три децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат. Системот на многу места очигледно не фукционира како што треба. Јавните сервиси немаат перформанс каков што граѓаните заслужуваат. За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии, рече Филипче.

Нагласи дека треба да се изготви стратегија во која ќе се влучат сите, во форма на политички дијалог, врз основа на која државата ќе функционира во следните децении, многу повеќе од мандат на која било влада и која било партија или коалиција да ја води таа влада.

-Ние немаме веќе деца да ги губиме со тоа што ќе одат во странство. Треба да го зајакнеме образовниот систем. Сме се обиделе и ние, се обидел и ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема посакувани резултати. Понатаму здравството. Тој јавен сервис мораме да го подобриме и здравството и образованието треба да ги тргнеме од дневно политичките пресметки, надмудрувања, математики и тоа да биде навистина стратешки интерес на државата, рече Филипче.

Во однос на правосудството, истакна Филипче, неминовно е да се донесат реформската агенда во што пократок рок реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза.

-Тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа е партизацијата и политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво, истакна Филипче, додавајќи дека добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии.

Лидерот на СДСМ истакна дека на премиерот Христијан Мицкоски и подетално би му го образложил овој план на средба во следните денови.

-Се надевам дека после тоа, врз основа на ова што сега го образложив ќе се приклучат и другите политички партии и сметам дека е крајно време, премногу време е поминато за ние да зборуваме дека нешто треба да се промени и видовме како трагедијата во Кочани на површина извади многу системски пропути и мислам дека е крајно време сите да седнеме и заедно да работиме за доброто на државата, рече Филипче.

Во однос дали очекува неговиот предлог за лидерска средба да биде прифатен, тој рече дека уште денеска или утре ќе побара состанок со премиерот Мицкоски, согласно агендите, да се организира таа средба.

-Оставам простор и се надевам дека сега кога политичките партии ќе го слушнат ова ќе ја прифатат таа лидерска средба. Но добро е прво тоа да го поразговараме со премиерот, имајќи предвид дека тој прв подаде рака и на прва одговори дека средбата е прифатлива. Навистина не знам што би било неприфатливо или некој зошто не би сакал да разговара, кога тоа е констатација на секој еден граѓанин во државата, рече Филипче.

Голем предизвик во нашиот систем, додаде Филипче, е како од разговор што да се направи, вистински да се имплементира.

-Од сите кризи што ги видовме изминатиот период треба да извлечеме поука и таа поука да ја имплементираме, меѓутоа и да се осигураме и дека ќе биде целосно имплементирана и тоа не е лесно. Имам неколку идеи, дали тоа ќе биде преку парламентарна комисија, дали преку заедничка работна група во која ќе учествуваат и експерти ќе го разгледаме на состанокот. Не би сакал да звучи како план што би го сервирал готов, поради тоа што би сакал сите да учествуваме во изготвувањето на планот како ова да се спроведе, рече Филипче.

На новинарско прашање дали на средбата ќе ја постави темата за евроинтеграции и уставни измени, рече дека најверојатно ќе се зборува и за таа тема.

Next Post
Скриншот

Почина глумецот Вал Килмер

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk