ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Убиен косовски полицаец; Курти ги започна разговорите со малцинствата за нова влада; ОБСЕ-ОДИХР ја започна мисијата на изборно набљудување во Албанија

April 2, 2025 15:06
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Качаник, синоќа околу 23 часот Припадник на косовската полиција го загуби животот по напад на влезот од неговата куќа. Косовскиот полициски синдикат го осуди убиството на полицаецот и посочи дека овој сериозен чин е директен напад врз јавната безбедност, правото и самата држава Косово, јавуваат косовските медиуми.

Во Албанија, набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР официјално започна со работа за следење на изборите што ќе се одржат на 11 мај. За денот на изборите се очекува во Албанија да пристигнат 300 краткорочни набљудувачи, а ќе има и претставници од Парламентарното собрание на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент, јавуваат албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РТК: Убиен полицаец во Качаник

Припадник на косовската полиција го загуби животот по напад на влезот од неговата куќа на улицата „Идриз Сефери“ во Качаник, синоќа околу 23:00 часот.

Според портпаролот на полицијата, Канун Весели, жртвата била пронајдена во тешка состојба и била пренесена во Медицинскиот центар во Качаник, каде лекарите констатирале смрт.

Покрај полициските единици, на местото на настанот излегла и екипа на Итна помош од Качаник која го пренела во Медицинскиот центар во Качаник. Од здобиените повреди полицаецот починал, ова го потврдиле и лекарите од овој центар“, изјави Весели, пренесе РТК.

Косовскиот полициски синдикат го осуди убиството на полицаецот Мухамед Лика. Во нивната реакција се вели дека овој сериозен чин е директен напад врз јавната безбедност, правото и самата држава Косово.

Визион плус: Курти ги започна разговорите со малцинствата за новата влада

Вршителот на должноста премиер на Косово, во исто време и шеф на Движењето Ветевендосје (ЛВВ) – партијата која победи на парламентарните избори на 9 февруари во земјата – започна со средби со малцинските политички партии, за да се консултира за формирање на новата влада на земјата.

Овој процес започна по заверувањето на резултатите од гласањето, и почетокот на уставните рокови за формирање на новиот законодавен дом и влада, бидејќи претседателката на Косово, Вјоса Османи, го одреди 15 април како датум за одржување на конститутивната седница на Собранието на Косово, пренесе Визион плус.

Перископи: Судот во Приштина го казни Курти со 250 евра

Судот во Приштина го осуди премиерот Албин Курти на 250 евра затоа што не се појавил во Специјалното обвинителство (ПСРК) да сведочи за случајот со државните резерви.

Судот во Приштина на 04.03.2025 година издал наредба Курти да се појави во Обвинителството и да даде исказ во врска со овој случај, пренесува Перископи.

И покрај тоа што имаше налог од Судот во Приштина, Курти повторно не се појави. Истиот ден, премиерот избра да оди во работна посета на Гњилане за да го инаугурира камен-темелникот на градинка.

По оваа постапка на премиерот на земјата, Судот во Приштина го осуди на 250 евра.

АЛБАНИЈА

Балкан веб-ОБСЕ-ОДИХР денеска започна мисија за набљудување на изборите во Албанија, лидерот Заниер: 26 набљудувачи низ целата земја, уште 300 доаѓаат на 11 мај

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР официјално започна со работа за следење на изборите во Албанија. Шефот на мисијата Ламберто Заниер најави дека во текот на процесот ќе се оценува компатибилноста на изборите со меѓународните обврски и локалното законодавство.

За денот на изборите се очекува во Албанија да пристигнат 300 краткорочни набљудувачи, а ќе има и претставници од Парламентарното собрание на ОБСЕ, Советот на Европа и Европскиот парламент, пренесе Балкан веб.

Сури – Хјуманс рајт воч: Нови ризици од најновата шема за договорот за имиграција Италија-Албанија

Италија веќе има 10 центри за притвор каде што мигрантите можат да бидат задржани до 18 месеци додека владата се обидува да ги депортира. Сепак, Италија не успева да ги депортира повеќето од нив – во 2023 година, само 10% од луѓето со наредба за депортација ја напуштиле земјата. Извештајот од 2021 година ги опиша овие центри како „црни дупки“, додека извештајот од 2024 година ги осуди како скап и нехуман систем.

Отворањето таков центар во Албанија ќе ги повтори проблемите што веќе се среќаваат во Италија, како и ќе додаде нови, вклучително и бариери за пристап до правна помош, што ќе го отежне објаснувањето за веродостојните наводи за злоупотреба. Понатаму, нема индикации дека оваа мерка ќе ја зголеми подготвеноста на земјите домаќини да прифатат депортирани лица – главната пречка за депортации.

Овој потег доаѓа набргу откако Европската комисија ја поддржа идејата за создавање „центри за враќање“ надвор од Европската унија во нејзиниот најнов предлог за Регулативата за враќање. Обидите да се избегне одговорноста за имиграцијата и да се држат луѓето подалеку од видното поле се сурови и нереални.

Наместо да следи скапи и сомнителни договори за да ги избегне своите одговорности, Италија – и ЕУ како целина – треба да инвестираат во управувањето со имиграцијата на хуман и рационален начин, посочуваат од ХРВ, пренесе Сури.

КОЛУМНА

Коха: Србија против признавањата го користи дијалогот, невклучените  и западната ориентација на Косово

„Додека на Косово му беше кажано дека преку дијалог може да ги оствари своите аспирации, досега овој процес се покажа како штетен за Косово во однос на признавањето.

Србија во комуникацијата со земјите од Африка и Азија, но и со некои други делови од светот, потврдува дека бриселскиот дијалог е доказ дека статусот на Косово не е финализиран. Дека ако статусот беше завршена работа, немаше да има дијалог. И тоа што ЕУ не искажува став за статусот на Косово и помага на овој аргумент на Србија“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „ Србија против признавањата го користи дијалогот, невклучените  и западната ориентација на Косово“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СБ на ОН: САД ја поддржуваат израелската самоодбрана и го предупредуваат Иран да не ги напаѓа американските сили

June 13, 2025

САД му помогна на Израел да пресретне ирански ракети, Нетанјаху со закани кон Иран – „уште повеќе се на пат“

June 13, 2025

Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk