ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Разликите меѓу обичен и хроничен замор

April 2, 2025 20:30
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Christian Erfurt

Christian Erfurt

Share on FacebookShare on Twitter

Синдромот на хроничен замор е многу повеќе од само чувство на измореност. Појавата позната како мијалгичен енцефаломиелитис (МЕ), е сериозна состојба од којашто се погодени милиони луѓе ширум светот.

Хроничниот замор е сложена состојба што се одликува со постојан замор којшто не се подобрува со одмор и го отежнува секојдневното функционирање на човекот. Има разлика меѓу обичното чувство на замор и синдромот на хроничен замор, а симптомите може многу да варираат од личност до личност. Општиот лекар Мохамед Енајат од Кралскиот колеџ во Лондон, Велика Британија, ги откри симптомите коишто не треба да се игнорираат.

Точната причина за МЕ сè уште е непозната, но се верува дека вклучува абнормалности во имунолошкиот, нервниот и метаболичкиот систем. Сигурно е тоа дека една од најголемите заблуди е оти МЕ е – „едноставно замор“ или психолошка состојба предизвикана од стрес.

– Најнагласениот симптом е постојан и необјаснет замор што трае најмалку шест месеци. Меѓу другите се заморот по напор, лошиот сон, когнитивните тешкотии како што се мозочна магла, болките во мускулите и зглобовите, главоболките, вртоглавицата и гастроинтестиналните проблеми, вели д-р Енајат.

Бидејќи симптомите на МЕ се слични на други состојби, оваа состојба потешко се дијагностицира.

– Меѓу состојбите коишто имаат некои слични симптоми спаѓаат фибромијалгија, хипотироидизам, автоимуни болести како лупус или мултиплекс склероза, Лајмска болест, депресија и пост-вирусни синдроми, појасни лекарот.

Многу луѓе со хроничен замор, се вели, се борат со основните секојдневни активности, како што се станување од кревет, готвење или разговор. Оваа состојба влијае на работата, меѓучовековите односи и општествениот живот, што може да доведе до изолација, финансиски тешкотии и емоционална вознемиреност. За разлика од болестите каде одморот води до подобрување, кај МЕ, напорот може да ги влоши симптомите, поради што управувањето со енергијата е клучно.

Фактори на ризик од МЕ се вирусни инфекции, дисфункција на имунолошкиот систем, генетска предиспозиција и хормонална нерамнотежа. Исто така, хроничниот стрес и траумата може да придонесат за дисрегулација на нервниот и имунолошкиот систем.

Советот на докторот гласи: Доколку почувствувате замор што не исчезнува и по одмор и сѐ тоа влијае на Вашиот секојдневен живот повеќе од шест месеци, проследено со мозочна магла, болки во мускулите или вртоглавица, неопходно е да се обратите на лекар.

Tags: обичен заморхроничен замор
Next Post

Руската Федерација продолжува со кршење на Женевските конвенции: Присилна руска мобилизација на украински државјани на привремено окупираните територии на Украина

НАЈНОВО

Орце и Мицкоски Скопје „72 часа чисто Скопје“

„Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk