ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворена изложбата „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“

April 5, 2025 17:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Во Музејот на град Скопје вчера вечер беше отворена изложба насловена „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ со слики од приватната колекција на Влатко Милошевски. Станува збор за уметнички слики, цртежи и слични дела кои уметници ги направиле кога ја посетиле целокупната географска област Македонија, а дошле од Германија, Франција, Италија, Србија, Југославија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Австрија, Романија, Холандија, Белгија, САД. Милошевски од 2004 година досега има собрано над 200 вакви дела, а во Скопје беа изложени 130.

Изложбата привлече и голем број претставници на амбасадите на овие држави, како и заинтересирани љубители на уметноста.

-Имаме оригинални ликовни дела од странски сликари кои во споменатиот период престојувале во Македонија и при тоа изработиле: масла на платно, акварели, графики, цртежи… инспирирани од Македонија, луѓето кои тука живееле и работеле, од архитектурата, од природните убавини на Македонија. Овие дела кои Влатко Милошевски со упорност и голема страст ги собирал во текот на изминативе 20 години, од аспект за нас, овде во Македонија, се особено значајни документи и сведоштва за континуитетот на Македонија и македонскиот народ. Сето ова и одговара на мисијата на Музејот на град Скопје, кој што ја претставува оваа изложба која претставува еден значаен сегмент од нашето културно наследство, рече на отворањето на изложбата Панче Велков, директор на Музејот на град Скопје.

Колекционерот Милошевски кој по професија е ИТ инженер, живее и работи во Холандија, а колекцијата ја создал со голем ентузијазам и речиси секојдневно истражување по светските аукциски куќи во потрага по ликовни дела кои се сврзани со Македонија. На отворањето рече дека покрај изложените 132 уметнички дела, во Холандија има уште околу 40 слики и се надева дека еден ден, целата колекција ќе се врати дома во Македонија, бидејќи таа заслужува да има една ваква поставка.

-Периодот 1850-19580 година, на кој се однесува и мојата збирка слики, не е случајно одбран, бидејќи е многу интересен за човештвото. Сè што е измислено денес и што уживаме во благодатите на технологијата е измислено во тој период: телевизија, радио, автомобил, авион, телекомуникациите, фотоапаратот, микрочиповите… сè е од овој период. Но, и од гледна точка на уметноста, речиси сите значајни ликовни правци настанале во овој период: ориентализам, импресионизам, експресионизам, кубизам, модернизам… Значи не само што техничкиот дел од мозокот на човекот се откочил, туку и креативниот дел од мозокот се многу напредувал. А, ако гледаме од историски аспект, овој период, овие години се клучните за Македонија, македонската нација, македонската култура, почнувајќи од преродбениците  од крајот на 19-от век, па доаѓаат нашите револуционери, до Балканските и двете светските војни.  Значи сè она што нè дефинирало како држава и нација се случува во тој период. Токму тој пресек на технолошки интерес и уметнички интерес ме натера 20 години да ги собирам овие уметнички дел, да ги враќам полека-полека во Македонија, истакна Влатко Милошевски.

Во 2022 година Милошевски во соработка со тетовскиот новинар и фотограф Зоран Андонов, изработија и издадоа каталогот и монографијата каде се евидентирани сите досегашни слики и дела. Изложбата е подржана од Министерството за култура и туризам во програмата за 2025 година. Изложбата ќе биде можно да се посети до 23 април во Музеј на град Скопје.

Next Post

Бешлиовска: Имаме околу 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15 илјади

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk