Повеќе Украинци кои се легално во Соединетите Американски Држави во рамките на хуманитарна програма добија е-пошта оваа недела во која им се кажува дека им е одземен статусот и дека имаат седум дена да ја напуштат земјата или „федералната влада ќе ве најде“, јавува Ројтерс, пренесе ЦивилМедиа.
Портпаролот на Министерството за домашна безбедност рече дека е-поштата била испратена по грешка и дека украинската програма за условно ослободување создадена по руската инвазија во таа земја во 2022 година не била прекината. Не е јасно колку Украинци го добиле мејлот.
Ројтерс минатиот месец објави дека администрацијата на Трамп планира да го отповика привремениот правен статус за околу 240.000 Украинци кои избегаа од конфликтот со Русија. Ваквиот потег би бил пресврт на пречекот на Украинците во администрацијата на претседателот Џо Бајден.
„Доколку не ги напуштите САД веднаш, ќе бидете предмет на потенцијални дејствија за спроведување на законот што ќе резултираат со ваше отстранување од Соединетите држави“, се вели во е-поштата од четвртокот.
„Повторно, DHS го прекинува вашето условно ослободување. Не обидувајте се да останете во Соединетите Држави“, се наведува во мејлот.
Д. Т. / Цивил Медиа