Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.
Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Георгиевски рече дека од 23.712 запишани избирачи, вкупно гласале 18.140 односно 76,5 проценти од активно регистрираните членови.
За Филипче гласале 18.001 избирачи, речиси двојно повеќе од првите внатрепартиски избори, кога доби 9.026 гласови.
„Гласањето помина во најдобар ред. До Централната изборна комисија до овој момент немаше никакви забелешки за изборниот ден. Од 23.712 запишани гласачи вкупно гласаа 18.140 членови или 76,5% од активно регистрираните членови. За претседателот Венко Филипче гласот го дадоа 18.001, неважечки ливчиња се 139. Благодарам на сите членови на СДСМ кои излегоа на гласање а претходно активно се пријавија, благодараност до сите општински организации кои успешно ги спроведоа изборите и блгодарност до медиумите што покажаа интерес за следење на нашите избори. Благодарност до сите. Честитки за новоизбраниот претседател со 4 годишен мандат, Венко Филипче“, рече Георгиевски.