Лишено од слобода е едно лице, по друго се трага, во врска со пукањето објавено на социјалните мрежи, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден, врз основа на споделен видео-запис на социјалната мрежа „Фејсбук“, а поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело, полициски службеници извршиле претрес во село Црнилиште, општина Долнени, во домот на Џ. Ќ., на 51-годишна возраст.
– При претресот, пронајдени се три парчиња оружје што ги поседува со дозвола и тоа: полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видео-надзор инсталиран во домот, појаснуваат од МВР.
Пронајдените предмети биле одземени поради сомнение за извршено кривично дело.
– Утврдено е дека лицето, оружјето го поседувало со дозвола и истото привремено е одземено, по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот, истакнуваат од МВР.