– На почетокот на владеењето на новата американска администрација, економските политики на САД засега не се движат по јасна и конзистентна економска траекторија. Насочени се против сите, односно истите ги штитат американските интереси и претставуваат форма на економски протекционизам, вели Павле Гацов, претседател на Здружението на даночни советиници на РМ.
Според него економските силни држави ќе одговорат со противмерки, односно ќе воспостават политика на реципроцитет кога се работи за трговските и царинските давачки, било преку одмазднички акции или пак со некаква форма на преговори со амариканските авторитети. Евентуалните реципрочни трговски и царински мерки ќе влијаат на намалување на светската трговија, а тоа ќе влијае на намалување на потенцијалниот економски раст на глобално ниво.
„Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам. Нивна прва опција е да ги прифат фактите за својата економска сила и да пробаат да репреговараат пониски царински стапки со американската администрација. Евентуалното исклучување на овие земји од царинските бариери на САД нема да ја погодат американската економија, но на овие земји, царинското олеснување ќе значи многу“, вели тој во интервјуто за НОВАтв.
Како што вели Гацов преземањето на реципрочни мерки кон САД не е добар избор за Македонија. Напротив. Добри изгледи би имало евентуално Барање на македонската Влада за одложена примена на новите царини за Македонија (грејс период за примена на новите царини), за во меѓувреме да се бараат алтернативи во договарање на слободна трговија, одбегнување на двојно оданочување, промена на македонските царински тарифи итн.
Линк до целото интервју на НоваТВ.