Најмалку 44 лица загинаа денеска, а неколку десетици се повредени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија.
-Бројот на загинати во израелските напади од утринава е најмалку 44, вклучувајќи 21 лице во Кан Јунис, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана во јужниот дел на Појасот Газа, пренесоа француските медиуми.
На 18 март, израелската армија ги продолжи нападите во Појасот Газа по два месеци кревок прекин на огнот.