ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Милионите се трошат, антициганизмот останува, а Ромите и понатаму се најдискриминирана етничка заедница

April 8, 2025 16:59
in ПОЛИТИКА, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Мозаик во древниот хеленски град Зеугма, 3 в.п.н.е. (фото извор: Wikimedia Commons)

Мозаик во древниот хеленски град Зеугма, 3 в.п.н.е. (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Најскапите проекти во Европа и пошироко се оние за подобрување на состојбата на Ромите. Декадата за инклузија на Ромите, 2005-2015, на иницијатива на 12 европски држави, во партнерство со Светска банка, Отворено општество, УНДП, Советот на Европа и нејзината Развојна банка и уште неколку други гигантски организации и институции.

Да се потсетиме, 12-те европски држави што ја иницираа Декадата за инклузија на Ромите се (по азбучен редослед): Албанија, Босна, Бугарија, Романија, Северна Македонија, Словачка, Србија, Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Чешка и Шпанија. Со набљудувачки статус се појавуваат Норвешка, Словенија и САД.

Десет години подоцна (во 2015) и стотици милиони евра и долари потрошени на илјадници проекти и иницијативи, со вртоглави хонорари за консултанти и „експерти“ во изработката на стратегиите што ретко кој се обиде да ги прочита, а уште помалку да ги спроведе – Ромите беа отприлика на истото место. Исклучени и дискриминирани, манипулирани и злоупотребени за политички и изборни цели, сиромашни.

Токму така, најскапите проекти беа воедно и најмалку успешни. Или, да бидеме поумерени во оценката – не беа доволно успешни да направат видлива промена во статусот на Ромите, што се признава и во извештајот на официјалната веб страница на Регионалниот совет за соработка.

„На крајот на Декадата на Ромите во 2015 година беше признаено дека Декадата служеше важна улога во поттикнувањето на процесот на позитивни промени за Ромите и придонесе за разбирање на проблемите со кои се соочуваат Ромите, но остави значителна незавршена работа во вистинското постигнување на нејзината амбициозна цел“, пишува во Извештајот.

И Фондацијата Отворено општество објавува анализа во која се вели дека Декадата за инклузија на Ромите не довела до инклузија.

„Дали владите го исполнија ветувањето? Накратко, не. Индексот за вклучување на Ромите покажува одреден напредок во нивото на писменост, завршување на основното образование и пристап до здравствено осигурување. Но, сè на сè, секојдневниот живот на Ромите останува борба со која ниту една друга етничка група во Европа не се соочува“, пишува Жељко Јовановиќ на веб страницата Open Society Foundations.

Стратегиите и проектите беа изработени, наплатени и површно спроведени или целосно беа запоставени. Суштината остана иста – Ромите и понатаму се предмет на дискриминација, предрасуди и стереотипи кои се длабоко всадени во убедувањата на луѓето. Институциите на државата, медиумите и општеството воопшто, не најдоа време да инвестираат во промена на клучните недостатоци, како во политиките и практиките, така и во јавната свест и политичката култура.

А парите се потрошија. Затоа, по фамозната Декада, се подготвија нови програми и стратегии, со нови буџети кои во моментов се трошат. И се разбира, состојбата не се менува или, ако сакаме да бидеме позитивни, не се менува суштински, а секако недоволно во споредба со големите зборови во стратешките документи и буџетските линии што се издвојуваат.

Во 2021 година напишав текст под наслов „Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права“ во кој, меѓу другото, стои дека „концептот кој израсна од улиците на македонските градови за време на Шарената револуција, наречен Едно општество за сите, стана стратегија на Владата. Таа има изгледи да прерасне во долгорочна државна стратегија. Треба да се забрза имплементацијата на таа стратегија, пред сè во образованието, културата и медиумите, а се разбира и во сферата на економските мерки за јакнење на ромската заедница“.

Ќе ме прашате што мислам сега за овој параграф? Слободно. Еве го мојот одговор. Ништо од тоа. Големи зборови, уште поголеми ветувања и уште толку разочарувања.

Сè останато во тој текст останува да важи. Немам што повеќе да кажам во врска со овие прашања. Милионите се трошат, антициганизмот останува, а Ромите и понатаму се најдискриминирана етничка заедница, како во Северна Македонија, така и низ Европа и пошироко.

Долг е патот. Народот кој никогаш не војувал, со векови е мета на погроми и прогон, го преживеа и Холокаустот заедно со Евреите, подложен на сегрегација и системска дискриминација. И излегува од пеколните маки посилен и поиздржлив, со видлив и непоматен идентитет, култура и вредности.

Нека е честит Меѓународниот ден на Ромите.


Текстот е личен став на Авторот.

Меѓу антициганизмот и борбата за човекови права

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

June 27, 2025

Ребалансот на Буџетот пред пратениците на 2 јули

June 27, 2025
Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

Протекоа детали за тајните дипломатски напори на САД за рестартирање на преговорите со Иран

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk