ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Администрацијата на Трамп враќа некои програми за хуманитарна помош во светот

April 9, 2025 09:56
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп рестартираше најмалку шест неодамна откажани американски програми за странска помош за итна помош во храна, изјавиле за Ројтерс шест извори запознаени со ова прашање.

Вршителот на должноста заменик-администратор на УСАИД, Џереми Левин, кој претходно беше член на Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) предводен од милијардерот Илон Маск, во интерна е-пошта побара од персоналот да ги поништи отказите.

Тој побара враќање на грантовите на Светската програма за храна (WFP) во Либан, Сирија, Сомалија, Јордан, Ирак и Еквадор, рекоа извори запознаени со ова прашање.

Администрацијата, исто така, продолжи да доделува средства за Меѓународната организација за миграција во регионот на Пацификот, изјавија два извори запознаени со ова прашање.

– Се извинувам поради сите промени во врска со доделувањето на средства, напишал Левин вчера во интерна е-пошта во која Ројтерс имал увид.

– Има многу засегнати страни и мораме подобро да се позанимаваме со балансирање на овие спротивставени интереси – тоа е моја вина и јас преземам одговорност, додаде тој.

Како што пренесе Хина, Ројтерс во понеделникот јави дека администрацијата на Трамп ги укинала програмите за помош со кои се спасуваат животи во повеќе од десетина земји, вклучувајќи ги Авганистан, Јемен, Сомалија и Сирија, во вкупна вредност од над 1,3 милијарди долари.

Според Stand Up For Aid, лобистичка група на сегашни и поранешни американски функционери, договорите на WFP откажани по налог на Левин минатиот викенд за Либан, Сирија, Сомалија и Јордан изнесувале повеќе од 463 милиони долари.

Одлуката да се врати дел од помошта дојде по притисокот од администрацијата и Конгресот, рекле два извори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: администрацијаТрампхуманитарна помош

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk