Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја нападна главната опозициска партија во земјата, нарекувајќи ја „олицетворение на фашизмот“ во услови на политички последици предизвикани од затворањето и разрешувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Приведувањето на Имамоглу предизвика протести низ целата земја, додека неговата Републиканска народна партија (ЦХП) вети дека ќе ги прошири демонстрациите и ќе ги бојкотира бизнисите и медиумите за кои сметаат дека се усогласени со Ердоган.
-Ова не е ништо друго освен чист фашизам, рече Ердоган за повиците за бојкот на ЦХП во обраќањето пред парламентарната група на неговата партија во Анкара.
ЦХП повикува на неделни собири во Истанбул и на други места во Турција, барајќи ослободување на нивниот претседателски кандидат Имамоглу и предвремени избори.
Следните претседателски избори во Турција се закажани за 2028 година.
За вечер е закажан митинг во Истанбул. Студентските групи одделно повикаа на протести.
Ердоган денеска ја обвини ЦХП и дека манипулира со протестите на младите за политичка корист.
Имамоглу се соочува со обвиненија за корупција и тероризам кои тој ги негира.